(ВИДЕО) Георгиевски: Се радувам што владата ја доби довербата

Од:

Обединетата десница најави дека по вчерашната интерпелација станува се појасно дека се чекор поблиску кон приклучување кон опозицискиот фронт и кон учество на големиот митинг закажан за 28-ми октомври во Скопје.

Претседателот на ВМРО-Народна, Љубчо Георгиевски, кажа дека се радува што владата ја добила довербата зашто сака да гледа како ќе излезе од кашата што ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ сами ја направиле.

Тој кажа дека ова е прва влада која го злоупотребува спорот зо името.

„Тој проблем е 20 години стар, ама ниедна политичка партија претходно не правела кампања кој го продава името, а кој го брани“, изјави Љубчо Георгиевски.

Вториот момент според него е антиквизацијата, а третиот злоупотребата на мултиетничките односи.

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП до Касами: Тетово секогаш бил и во иднина ќе биде македонски град

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Лажните душегрижници се во опозиција

Мицкоски: Опозицијата не бира средства како да ни забие нож во грб

Турција уапси уште четири опозициски личности поради наводна корупција

ВМРО-НП: Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор?

Мицкоски: Не сум сигурен дека цела опозиција сака предвремени парламентарни избори