(Видео) Георгиевска: ВМРО-ДПМНЕ сака уставна криза

Од:

Најавата на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за моја интерпелација како претседателката на Комисијата за прашањата на изборите и именувањата е ништо друго освен обид за прикривање на нивната вистинска намера а тоа е да се предизвика уставна криза во државата, изјави Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ.

„Јас како претседателката на Комисијата го известив претседателот на Собранието дека за двајца предложени кандидати за уставни судии телото веќе со мнозинство гласови има изгласано за двајца кандидати за уставни судии и дека истите можат да продолжат во понатамошна постапка“ рече Георгиевска.

Таа напомена дека „во Комисијата се води дискусија или расправа за секого поединечно и исто така за секој предлог посебно се гласа. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со месеци намерно го одолговлекуваат изборот на уставните судии што е само доказ дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во ова Собрание го докажуваат тоа што постојано го прават, кочење, блокирање и поттикнување на било каква криза“.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни