Опозицијата денеска се појави пред Основниот суд Скопје 1 да покаже солидарност кон апсењето на Мирослав Шиповиќ. Според Гордан Георгиев од СДСМ, за македонската јавност и граѓаните на Центар кои 3 пати по ред недвосмислено ја покажале волјата на избори, апсењето претставува освета на власта за непокорот во Центар.
– Апсењето на Шиповиќ во Виена го гледаме како блокирање на Советот на општина Центар. Осветата на Груевски кон Шиповиќ и општина Центар е да се сокрие големиот патриотски грабеж со „Скопје 2014“. Ние нема тука да застанеме. Бараме и мислиме дека Шиповиќ има право да се брани од слобода, бидејќи сите аргументи и негови изјави кажуваат дека се враќа во Македонија и нема потреба да биде задржан во притвор – изјави Георгиев.
Петар Клинчарски