(ВИДЕО) Гелова Стојанова: Зошто и кому министерството за финансии префрла милиони пред избори како трансфери до невладини?

Од:

Соња Гелова Стојанова од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција запраша зошто и кому министерството за финансии префрла милиони пред избори како трансфери до невладини организации. Како што рече таа, министерството молчи околу овие трансфери како да станува збор за пари од фирмите на Заев, а не за пари на граѓаните кои може да бидат злоупотребени.

– Платите се намалуваат, зголемувањето на пензиите се укинува, индустриското производство тоне, но затоа се истураат милиони во невладиниот сектор. На декемвриските избори невладините организации беа фатени како купуваат дрва, а потоа ги делеа во замена за гласови. Во цела Источна Македонија кандидати за пратеници на СДС ги посетуваа Ромите со цел да агитираат при делењето на пакетите за имунизација и хуманитарна помош. Владата не дава одговор за што се користат милионските суми кои ги префрлаа на сметките на невладините организации. Не дава одговор кои се тие невладини организации и со што ги заслужиле милионите што им ги дава Тевдовски, рече Гелова Стојанова.

Таа додаде дека во минатото сме биле сведоци на политички активности, каде што дел од невладините организации во координација со СДСМ спроведувале пари кои се влеваа во Македонија, а за кои немало увид ниту од каде се, ниту за што служат.

– Веднаш по стапувањето на власт, СДС започна со вработување на активистите на т.н. шарена револуција кои денеска работат и примаат плата од институциите кои ги уриваа. Волјата на граѓаните, не е јасно е зошто токму во предизборен период на невладините им се исплаќаат еден милион евра од буџетот на Република Македонија. Тоа се наши пари. За само два дена од парите на граѓаните на сметките на невладините организации се префрлени 29.660.000 денари. Вкупно, откако се распишани изборите, на сметките на невладините се префрлени 55.785.000 денари или скоро милион евра, вели Гелова Стојанова.

Таа додаде дека овие трансфери може да го загрозат целиот предизборен процес и дека купувањето на гласови е криминал.

– Откако Зоран Заев и неговата неспособна власт ќе заминат, ќе се врати правната држава, а секој ќе сноси одговорност за своите постапки. Казната од граѓаните за расфрлањето со нивните пари ќе стигне на 15-ти октомври, рече Гелова Стојанова.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ