(ВИДЕО) Фрчкоски: Состанокот во Правда беше тензично-конструктивен

Од:

Професорот Љубомир Фрчкоски кој е дел од Советот за реформи во правосудството, по завршувањето на денешниот состанок изјави дека атмосферата била тезнично-напната.

Фрчкоски изјави дека професорката Мирјана Најчевска треба да води група која ќе го утврдува Правилникот за работа на Советот, кој очекуваат да биде донесен до крајот на месец декември.

„Конечно е фомирана и комисија за обнова на постапките“, изјави Фрчкоски по состанокот.

Членовите на Советот за реформи треба да влезат во сите работни групи, посебно во оние каде што ги нема досега, изјави професорот. „Направивме значаен чекор напред“ рече Фрчкоски. Тој потенцираше дека се обиделе да им укажат на советниците во Министерството за правда дека немаат забелешки за нивната работа и стручност, но дека имаат забелешки за начинот на кој досега се одвивале состаноците, кои Фрчкоски очекува да бидат почести во идниот период.

В. М.

Би можело да ве интересира

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

Орце Костов

Лога: Очекувам брза екстрадиција, списите денеска ќе ги пратиме по електронска пошта и преку амбасадата

Александар Тодески

Обвинителството реагира до Лога: Дел од забелешките за Извештајот се неточни, Јовески е спремен да одговори согласно закон

Александар Тодески

Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце

Горан Наумовски

Министерството за правда ќе врши надзор над системот за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства

Нова амнестија: На слобода сите осудени на затвор до шест месеци, ВМРО ќе го блокира Законот

Орце Костов