(ВИДЕО) Фрчкоски: САД носат специјален закон за Западен Балкан, следуваат и „црни листи“, а се најавуваат и можни санкции

Од:

Периметарот на Мицкоски ја доведе Македонија во ранг со Сомалија. Последната одлука на САД е Македонија да биде опфатена во суспендирање на обработката на визите заедно со уште 75 земји, меѓу кои Сомалија, Сирија, Гана, Руанда, Бутан, Нигерија, Иран, Русија… Минатата година САД ги зголемија царините кон Македонија, сега од 21 јануари САД ќе ги суспендира и обработката на визите, се посочува во соопштението на СДСМ од денешната прес-конференција на Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ.

„СДСМ подолг период предупредува за штетата од погрешните политики на тендер-коалицијата ВМРО – ЗНАМ загрозувајќи го стратешкото партнерство со САД и интеграцијата во ЕУ. Најблизок соработник на Мицкоски во Владата е Иван Стоилковиќ, кој има отворени проруски ставови и директни врски со Москва.

Пред само неколку дена го видоме Стоилковиќ како слави заедно со ноќните волци блиски до Путин. Паралелно со овие антиамерикански активности, Владата на Мицкоски води и анти-ЕУ кампања.

Се продуцираат намерни судири со Грција и Бугарија, се отвораат затворени прашањa, се измислуваат изговори за да се оправдаат изолацијата и блокирание преговори.

Не се спроведуваат никакви реформи, Владата води анти-ЕУ и антиамериканска политика, ја води Македонија кон целосна изолација.

Паниката е голема. САД носат специјален закон за Западен Балкан насочен директно кон борбата против криминалот и корупцијата и ова се само првите чекори што ги гледаме. Следуваат и црни листи, се најавуваат и можни санкции. СДСМ ќе продолжи да ја разоткрива оваа агенда бидејќи наши стратешки пријатели се САД, а местото на Македонија е во НАТО и ЕУ, рече Фрчкоски.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија