ВИДЕО: Француската амбасадорка со солзи во очите на Маршот на толеранцијата

Од:

Француската амбасадорка Лоренс Оер се приклучи на Маршот на толеранцијата – „Бегалци без граници“. Со солзи во очите поради терористичкиот напад во Париз, таа даде поддршка за почитување на универзалноста на слободите и правата, за бегалците кои се принудени да ги напуштат своите домови од теророт на истите убијци кои ја нападнаа престолнината на Франција. Учесниците на маршот, им оддадоа почит на загинатите во терористичкиот напад во Париз со едноминутно молчење.

Маршот на толеранција, оваа година е посветен на бегалците, со цел да се подигне јавната свест и да се упати апел до властите за обезбедување хуман и достоинствен третман при нивното транзитирање низ Македонија.

Со маршот кој е во организација на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, ЛГБТИ Центарот за поддршка, Фондацијата Отворено општество – Македонија, Цивил – Центар за слобода и Солидарност се упати и апел за потребата од подобрување на инфраструктура на транзитните места и камповите, со цел да се олесни престојот на бегалците.

Илјадници бегалци кои во изминатиот период транзитираа низ Република Македонија, упатувајќи се кон европските држави, на нивниот пат до крајните дестинации, во потрагата по подобар живот, луѓе се соочуваат со неправда, нехуманост и нееднаквост какo резултат на практиките на владеење во некои земји, нивните економски и политички режими, кои се заканувачки по системот на европски вредности.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во напад со нож во Париз

Улица во Париз ќе го носи името на Дејвид Боуви

А1он

ВИДЕО: Драма во Париз – Лувр итно евакуиран

Во Париз е забрането изнајмување електричeн тротинет

(ВИДЕО) Експлозија во Париз, петмина се повредени

Ограбена е златарница во центарот на Париз, штетата е огромна