(ВИДЕО) Фортуманова: Со забрзана динамика се работи на изградбата на новото училиште „Димитар Македонски“ во општина Аеродром

Од:

„Со забрзана динамика Општина Аеродром предводена од СДСМ и градоначалникот Златко Марин ги реализира капиталните инфраструктурни проекти во општината.

Деновиве интензивно се работи на изградба на училиштето „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче и до Нова година се очекува да биде комплетно завршена една фаза.

Конечно, учениците од наредната година ќе можат да учат во целосно нов објект“, рече Соња Фортуманова од ОО СДСМ Аеродром.

„Новото училиште е со површина од 2.840 квадратни метри и со капацитет од 700 ученици, со организирана настава во две смени. Ќе биде опремено со најсовремени кабинети, простории за дневен престој, кујна и простории за наставниците.

Во изминатиот период ја реконструиравме и спортската сала во ова училиште.

Ова е уште една потврда дека и во услови на пандемија го решаваме долгогодишниот проблем со ова училиште и го исполнуваме дадениот збор пред граѓаните.

Продолжуваме посветено да градиме по план и да инвестираме во подобра иднина за сите граѓани“, изјави Соња Фортуманова од ОО СДСМ Аеродром.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да каже дали Филипче е во Дубаи и по кој основ се стекнал со златната виза

СДСМ по изјавата на Бране Петрушевски: ВМРО-ДПМНЕ донесе закон со кој се намалија казните

Спасовски: Законот за Кочани беше можност да покажеме единство, солидарност и промена на системот

СДСМ: Реформските закони за правосудство ги нема, Филков да не ги опструира работните групи

И Таравари виде дека Мицкоски ја води државата во провалија, велат од СДСМ

Катерина Ѓуровски

Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени