(ВИДЕО) Филипче: Законот за високо образование е катастрофално лош, бараме да се повлече

Од:

Темата на денешната прес-конференција е Законот за високо образование, кој што од страна на партиската комисија беше детално анализиран и сакам да ги изнесам во јавноста нашите согледувања. Тука се вклопени секако и се забелешките согласно увидот на голем број универзитетски професори надвор од нашата партиска структура и може да кажам дека буквално сите без исклучок ги имаат овие забелешки кои што денеска ќе ги презентирам. Имено сметаме дека предложените измени на Законот за високо образование се катастрофално лоши и наместо унапредување на квалитетот тие воведуваат владина контрола врз универзитетите, образовен една форма тоталитаризам, создаваат дискриминација кај младите ја рушат автономијата на универзитетите и отвораат врата за партизација и креираат системски и социјални неправди. Со една реченица класична вмровска работа на партизација и контрола на секој еден од секторите во државата, изјави претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

– Прашање е дали ваква форма на закон може да се поправи со амандманска расправа и затоа дозволите ми е една по една да ги образложам овие забелешки. Прво во однос на владината контрола на универзитетите и рушење на автономијата. Со овие предложени измени брутално се централизира моќта кај министерот односно кај владата и со тоа се нарушува автономијата на универзитетите. Преку членовите од 198, 199 201 министерот станува најмоќна фигура во високото образование, со можност да укинува одлуки на универзитетски органи.

Наместо координатор, министерот станува наредбодавец и една форма на апсолутен владетел. Членот 13 наместо да ја штити институционалната независност отвара механизам за директна контрола од извршната власт. Ова е спротивно на европските стандарди и принципите на институционална автономија. Универзитетите не смеат да бидат продолжена рака на владата.

Второ дискриминација на младите и партизација на кадарот. Тоа што законот го нуди на некој начин е гробница за младите асистенти,додека внимавајте создава привилегии за веќе пензионирани професори. Член 175 практично создава неправичен систем кој ги деградира младите кадри, а им овозможува продолжено влијание на веќе пензионирани професори. Додека младите наставници и асистенти се соочуваат со рестрикции, автоматски исклучување и несигурност, пензионирани професори добиваат право да предаваат и да користат институционални ресурси. И ова создава сериозен генерациски дисбаланс, го блокира природниот процес на академска обнова и практично го поттикнува одливот на млади кадри од државата. Наместо систем што ги охрабрува младите добиваме закон што нив ги оттурнува. Со една реченица ќе се протеруваат од државава најдобрите умови.

Понатаму трето, практично се нуди закон во којшто науката станува луксуз само за богатите. Зошто? Поради тоа што се наметнуваат строги критериуми за публикации со инпакт фактор, без државата да обезбеди стабилно финансирање на науката, фондови за објавување, истражувачка инфраструктура и институционална поддршка притоа квалитетот се сведува само на бројки.

Се поистоветуваат хуманистичките и биолошките науки. Додека хуманистичките науки се занимаваат со системот во државата и тука се прават истражувањата во нашите околности во нашите системи, истражувајќи ги тие работи ние немаме доволен број на национални списанија којшто нудат голем импакт индекс. И тука е несоодветно тоа поистоветување со биолошките науки.

Понатаму член 123, 161, практично тоа се часописи со инпакт фактор во кој што објавувањето чини над 2.000 евра. Наместо да се понуди систем во кој што државата ќе инвестира во механизми и инструменти кои што на научно истражувачките работници, наставници на факултетите, младите кадри ќе им овозможи зголемен квалитет на истражување, наеднаш се наметнуваат критериуми коишто е невозможно во овој систем да се имплементираат. И тоа е практично дискриминирачки и социјално неправедно.

Понатаму скандалозно би кажал се воведува сопственичка дискриминација и монопол на јавните универзитети над приватните што е спротивно и на Уставот и на европската практика. Член 132 став 10, се забранува приватните универзитети образуваат кадри во клучни области медицина, право, архитектура иако овие факултети со децении наназад некои нив имаат валидни акредитации добиени од државата. Станува збор за факултети кои што вработуваат професори, друг наставен научен кадар, кои што едуцираат студенти. Во овој момент има на раководни функции во државата луѓе кои што имаат дипломи од тие универзитети. Се поставува прашањето зошто се сака така брутално на тие универзитети односно факултети дај ми се одземат акредитациите и да се затворот.

Зошто не е јавен интерес приватен факултет и зошто се поистоветува интересот со сопственоста. Јавен интерес е да се има факултет, а нема врска дали сопственоста притоа е приватна или државна. Битно е да е јавен интересот. Понатаму дополнително студентите се лишуваат од дополнителен избор.

Следно, сметам дека практично има една форма на академски терор престанок на звање и губење на работа по автоматизам. Се воведува казнено дисциплинарен модел каде професорите живеат практично во постојан страв од губење на работата. Член 164 предвидува по внимавајте, автоматизам, доколку не се исполнат дел од условите за реизбор, наставникот го губи звањето и работниот однос по сила на закон без заштитни и механизми од законот за работни односи. И ова е една форма академска гилотина, што сѐ сака да се направи, да се наметне страв, кадар кој ќе молчи и кој ќе биде послушан.

Следно удар врз интердисциплинарноста и доживотното учење. Членовите 116-122-123 се ограничува упис на магистерски, докторски студии само на исто или сродно подрачје според статистички кодови, со што се убива можноста за промена на кариерата. И додека светот се спојува се формираат нови струки, тие еволуираат оваа власт ги сече врските помеѓу науките и со тоа се губи можноста луѓето да се доквалификуваат.

Следно докторските студии стануваат привилегија. Барањата за докторски студии се поставени без реална проценка на времето и на трошоците. Докторатот практично останува скап премногу и недостапен и тоа ќе доведе до една неминовност младите повторно да заминуваат да ги прават тие научно истражувачки активности и истражување во странство.

Член 124 став 1 се поставуваат апсурдни кумулативни услови, 50 меѓународни проекти, 500 научни публикации за 5 години, кои ги исполнуваат само неколку универзитети. И ова не е за квалитет туку за вештачко стеснување на кругот на оние кои смеат да произведуваат знаење принудувајќи ги младите да одат во странство.

Последна точка којашто сметам дека треба да се спомене е една форма на дискриминација. Вонредните студии да се забранат е практично социјално неправедна и родово дискриминаторска пракса, затоа што се ограничува пристапот со оваа забрана до образование на вработени лица, возрасни студенти, лица со семејни обврски. Сметам дека ова ќе има сериозен ефект во родовиот контекст, бидејќи непропорционално и погодува и жените во образовниот сектор. Член 27 став 6 забрана на вонредни студии за наставнички професии директно се погодуваат жените кои треба да ги усогласат семејните обврски со професионалниот развој.

Затоа во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, во мое лично име, во име на огромен број на професори кои што интервенираа, кои што не контактираа во изминатиот период, верувам во име на буквално сите приватни универзитети а гледаме дека веќе и поединечно имаат реакции, прво апелирам овој закон вака да не се поднесува со Собрание. Доколку се поднесе и доколку оваа власт опстои така како што тоа го прави во секој еден сектор и тврдоглаво влезе во брутална партизација, елиминација на автономијата на универзитетите, кратење на можностите на младите, промовирање на некои нивни стари пензионирани веќе професори за дополнителна партиска контрола, немање ефикасни и ефективни предлог механизми како да се развие системот, да може да се развива научни истражувачката работа па тогаш да стигнеме после 5-10 или 15 години да може да се продуцираат такви трудови, тогаш ако се поднесува во оваа форма во Собранието ќе иницираме јавна расправа за да може целокупната стручна јавност да земе збор, да се слушне нивниот глас за да овој закон никако не помине во оваа форма туку да се модифицира, кажа Филипче.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

(ВИДЕО) Петрушевски: Сопственикот на илегалната дрога, рамо до рамо со Венко Филипче, јасно е кој седи позади дрогата

Горан Наумовски

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

Филипче: Не може работниците да протестираат, а власта да купува нов авион

А1он

Филипче – Вајц: Местото на С. Македонија е во ЕУ, не да биде изолирана и заглавена

А1он