(ВИДЕО) Филипче: Владата ја држи земјата во изолација, а граѓаните во сиромаштија

Од:

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг ја критикува Владата и премиерот Христијан Мицкоски обвинувајќи ги за предавство на националните интереси, економска неспособност и партизирање на правосудството.

Филипче истакна дека премиерот го блокира европскиот пат на земјата и ја држи во изолација.

– Премиерот потврди дека не сака земјата да влезе во Европската Унија и дека ќе ја држи во изолација, далеку од Европа. Тоа значи дека нема да има реформи, нема да има европска контрола и, според него, тоа може да трае со децении. Тој сака да ги држи како заложници идните генерации, децата, сите граѓани – за да прават грабеж на народните пари преку тендери – изјави Филипче.

Во делот на економијата, тој предупреди дека цените на основните прехранбени производи и горивата драматично растат, а Владата не презема мерки. Според него, минималната плата е недоволна за преживување, а трошоците за потрошувачката кошничка се зголемени. Филипче посочи дека цените на доматите и пиперките се зголемени за над 200 проценти, а премиерот и понатаму тврди дека нема потреба од интервенции.

– Со 1.667 денари (зголемување на минималната плата) денес може да се купат два килограма домати, два килограма краставици, една табла јајца и четири литри бензин. И премиерот вели дека нема потреба од мерки. Ако ова не бара мерки, тогаш тој не живее во реалноста. Живее во паралелен свет, каде што единствено се важни партиските тендери, заработката, криминалот и корупцијата – рече претседателот на СДСМ.

Тој се осврна и на енергетската криза и на правосудството. Апелира Владата да направи процена на резервите на гориво и да обезбеди нови извори на снабдување предупредувајќи дека земјата може да остане без енергенти доколку се воведе забрана за увоз.

Во врска со прашањето за одлуката на државниот обвинител Ненад Савески за повлекување на обвинителката Ленче Ристоска од предметите во кои владејачката партија е обвинета, Филипче повторно ја обвини власта за партизирање на судството.

– Ова е само дел од воспоставената пракса уште од почетокот на Владата – кога се инсталираа членови на Судскиот совет, судии, обвинители и други институции. Тогаш укажувавме дека се партизира судството – рече Филипче.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Филипче: Цените растат, а наместо мерки – Мицкоски им се потсмева на граѓаните

А1он

Филипче: СДСМ ќе одржи Конгрес на 7 јуни

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

(ВИДЕО) Филипче: Задоцнета e мерката на Мицкоски – нема намалување на цените на горивата

А1он

Филипче: Нема да дозволам цепкање на партијата