(ВИДЕО) Филипче: Судењето за Кочани е тест за целото општество, мора да се води кристално чисто

Од:

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција, нагласи дека судењето за трагедијата во Кочани е тест за целото општество и затоа мора да се води транспарентно.

„Барам и очекувам процесот да се води отворено, транспарентно, пред очите на целата јавност“, рече Филипче.

Тој додаде дека родителите на жртвите заслужуваат да ја знаат вистината и правда мора да има.

„Ова им го додолжиме на родителите, ова им го додолжиме на сите граѓани, ова го должиме на целото општество. Ова е еден голем тест за зрелоста во нашето општество“, рече Филипче.

На прес-конференцијата Филипче посочи дека СДСМ ќе ги искористи сите демократски механизми да се истражи секој детал од оваа трагедија, и тоа е причината поради која што пратеничката група на СДСМ побара Анкетна комисија во Собранието.

СДСМ будно ќе го прати целот процес на судењето за трагедијата во Кочани и ќе се спротивставиме на секој обид за манипулација или за прикривање на вистината или правдата, порача на претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Филипче посочи дека СДСМ нема да се октаже од барањето за поддршка на семејствата и откривање на вистината за трагедијата кога во пожар загинаа 63 млади лица, а над 200 беа повредени.

„Затоа побаравме и Анкетна комисија во Собранието.Во текот на вчерашниот ден во Собранието го доставивме и формално тоа барање, што значи дека ке ги искористиме сите демократски механизми да се истражи секој детал од ова трагедија“, рече Филипче.

Тој додаде дека судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани е тест за целото општество и затоа мора да се води отворено и пред очите на целата јавност.

„Нема да се откажеме од намерата да останеме цврсто во одбраната на јавниот интерес, ќе користиме сите демократски алатки кои што ни се нудат и како политичка партија и преку Собранието и расправите кои што ги побаравме, за да вистината конечно излезе на виделина“, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Би можело да ве интересира

Груевска-Илиевска: Судењето за „Пулс“ продолжува, одбиено е барањето за одложување

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Таткото на загинатиот Андреј Стојанов: Адвокатите на обвинетите сакаат нас тотално да не уништат

Катерина Ѓуровски

Бранителите на обвинетите во „Пулс“ бараат одложување на денешното рочиште

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Трагедијата во „Пулс“ влезе во судница: Пет месеци или пет години, нема гаранции колку ќе трае

Катерина Ѓуровски

Голем број домашни, странски новинари и набљудувачи ја наполнија судницата каде ќе се суди за трагедијата во Кочани

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС врие и револтот од Филипче веќе никој не го крие, наместо промени, партијата ја движи кон поголема пропаст