(ВИДЕО) Филипче: Се разгледува носењето маска на отворено да стане задолжително

Од:

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека од есенва е можно носењето маска на отворено да стане задолжително.

Меѓу мерките за кои се размислува, тој ги наведе и ограничување на гостите на маса во угостителските објекти и забрането групирање.

„Наша цел е навремено да воведеме мерки кои ќе влијаат на ширење на вирусот. Сакаме да избегнеме рестрикции на движење, но доколку тоа биде нужно секако дека ќе го направиме“, рече Филипче.

Тој на денешната прес конференција ја запозна јавноста со состојбата со епидемијата во нашата земја.

Филипче изјави дека состојбата кај нас како и секаде во Европа се влошува со завршувањето на летото.

„Според анализата на Комисијата за заразни болести, од почетокот на епидемијата најголем број на случаи се регистрирани во Скопје“, рече Филипче.

Од анализите на епидемиолошките анкети на новозаразените се покажало дека тие не ги почитувале мерките, учествувале во собири и не држеле дистанца.

Статистиката покажува дека пацинетите над 60 години се најзастапени меѓу заразените.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Задоцнета e мерката на Мицкоски – нема намалување на цените на горивата

А1он

Филипче: Нема да дозволам цепкање на партијата

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Филипче повторно го обвини Мицкоски дека свесно ја оддалечува земјава во Европската унија

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски