(ВИДЕО) Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација

Од:

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес-конференција по завршувањето на лидерската средба рече дека на граѓаните им е веќе јасно дека сѐ што досега го зборувавме се покажува како вистина.

„Сѐ што најавивме практично се случува. Нема ни збор за главните проблеми во државата“, истакна Филипче.

Филипче нагласи дека на лидерската средба наместо да се зборува за клучните проблеми со кои се соочува државата, се покажало дека власта има единствена цел, што побрзо да оди на избори поради недостиг на финансиски средства.

„На власта ѝ се брза да направи избори затоа што пари нема. Дупката во буџетот е огромна, а следно што доаѓа, како што предупредивме, е проектот за мигранти за пари“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ Венко Филипче презентираше конкретни бројки за, како што рече, драматичната состојба со јавните финансии.

„Дупката во буџетот е огромна, недостасуваат од околу 2 милијарди евра, и тоа конкретно на страна на приходите кусок од 500 милиони евра, дефицит во буџетот680 милиони евра, доспеани и неподмирени обврски кон стопанството од околу 700 милиони евра, неисплатен поврат на ДДВ кон компаниите меѓу 100 и 150 милиони евра“, рече Филипче.

Притоа тој истакна дека следуваат нови задолжувања, еврообврзница, нови кредити.

„Сето тоа ќе се пополнува на грбот на народот. Во 2026 година нема да има пари за раст на платите“, предупреди Филипче.

Претседателот на СДСМ се осврна и на состојбите во земјоделството, потенцирајќи дека скандалот со ИПАРД програмата го потврдува сомнежот за злоупотреба на европски средства.

„Се потврди кражба на европски пари. Ние сме ставени на црната листа на Европа“, заклучи претседателот на СДСМ.

„Понатаму, како што кажавме и како што разобличивме се случува силна антиевропска кампања. Се провоцираат судири со Грција и со Бугарија, се наметнуваат националистички теми, се измислуваат изговори за земјава да се држи во изолација. Ги спомнавме и активностите против нашиот стратешки партнер Соединетите Американски Држави, вицепремиерот на нашата влада Стоилковиќ на средба со ноќните волци блиски до рускиот претседател Путин. “ рече Филипче.

Понатаму алармираме за огромниот степен на криминал и корупција којшто се случува изминатите година ипол, додаде тој.

„Фирми блиски на луѓе од ВМРО-ДПМНЕ и знам тендер коалицијата. 161 тендер на една фирма, 51 тендер една фирма во бројни општини каде градоначалници се ВМРО-ДПМНЕ. 1,2 милиони евра тендер во пошта и уште безброј многу други корупциски скандали коишто ќе ги објавуваме во следниот период.“ рече Филипче.

Ги разоткривме буквално сите планови на оваа власт. Укажавме дека се сузбива демократијата, дека се партизираат институциите, дека се ограничува слободата на говорот. се донесе резолуција во собранието со коешто замислете како во Третиот рајх се ограничува што може, а што не може да каже опозицијата. И да не биде предоцна, ќе повториме уште еднаш за мигрантите дека и за тоа сме биле во право, потенцираше претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Без спроведени реформи нема укинување на техничката влада

СДСМ: Владата ја призна буџетската дупка од милијарда евра

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата

СДСМ: Без техничка влада не може да има праведни избори

А1он

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он