(ВИДЕО) Филипче: Родовите прашање се сведуваат на прашања за доминација, тоа е погрешно

Од:

Ние се соочуваме со многу стереотипи и предрасуди во општество, во држава, но и во поширок контекст во регионот, поради тоа што родовото прашање често се доведува до прашање на доминација. Тоа е погрешно и на тоа треба да се работи, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната партиска трибина по повод 25 годишнината од формирањето на Форумот на жени на СДСМ.

Во таа смисла, женското лидерство е клучно прашање, бидејќи со самото лидерство може да се смени перцепцијата за доминација, додаде тој.

Затоа СДСМ и посебно Форумот на жени има исклучително важна улога, потенцираше Филипче потенцирајќи ги реализираните политики и проекти во изминатиот период и најавувајќи нови во духот на прогресивната социјалдемократија.

-СДСМ многу направи за да ја препознае вистинската улога на жената како лидер во општеството. Исполни голем број на ветувања, што значи признавање на улогата на жената во општеството и материјализирање. Ќе го издвојам Законот за абортус којшто го работевме со пратеничките во изминатите состави, којшто на прво место ја постави волјата на жената и што да прави со своето тело. Ќе ве потсетам како беше во минатото, решаваа за жената некои комисии. Вербата во идејата е важна и ние ќе продолжиме да ја унапредуваме и да ја имплементираме преку нови политики, заедно со Форумот на жени, во следниот период, додаде претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Би можело да ве интересира

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања