(ВИДЕО) Филипче од Струмица: Мицкоски сака да го научи народот да живее на воздух

Од:

Имаме неодговорна власт, која сака да го научи народот да живее на воздух, а тие да нарачуваат папаја и манго, истакна претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешниот Осмомартовски марш во Струмица.

„Така држава не се води, СДСМ водеше сметка за стандардот, за платите, за работните места. Македонија и македонскиот народ заслужува одговорна власт, заслужува власт како што бевме ние, заслужува власт, како што во најтешките кризи, кога владата ја водеа Зоран Заев, Оливер Спасовски и Димитар Ковачевски. Ниту еден граѓанин не беше оставен по страна, нагласи Филипче.

При тоа тој посочи дека СДСМ ќе продолжи да се бори за подобрување на стандардот на граѓаните како и за економско јакнење на жените.

„И денес како опозиција се бориме за подобрување на животниот стандрад и нема да отстапиме од барањата за зголемување на минималната плата, која влијае врз економската сила на жените“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче од осмомартовскиот марш, кој годинава се одржува под слоганот „Исправени заедно, за еднаквост, правда и мир“.

Би можело да ве интересира

Филипче – Вајц: Местото на С. Македонија е во ЕУ, не да биде изолирана и заглавена

А1он

(ВИДЕО) Филипче со конкретно решение: Преку ребаланс се обезбедуваат и до 200 милиони евра за плати

Филипче: Македонија мора да да се движи кон напредок, а не кон изолација

Горан Наумовски

Филипче: СДСМ со предлог законски решенија за минимална плата од 600 евра и замрзнати плати за функционерите

(ВИДЕО) Филипче: Реформите за ЕУ се блокирани, загрижуваат антиевропските манири на власта

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски правеше селфи по ходници во Давос, тој е меѓународно целосно изолиран