(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ретерира затоа што министри, пратеници, градоначалници од ВМРО имаат бугарски пасоши

Од:

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција истакна дека премиерот Христијан Мицкоски се повлекува од законот за двојни државјанства затоа што се дозна вистината дека министри, пратеници и други функионери на ВМРО имаат бугарски пасоши.

„Вчера премиерот Христијан Мицкоски ретерираше од најавениот закон од неговите пратеници на ВМРО за тоа да пратениците немаат двојни државјанства. И уште една нивна лага е разобличена. Зошто? Поради тоа што министри и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалници, функционери, директори на јавни претпријатија имаат бугарски пасоши. Толку од нивниот патриотизам. Лажниот патриотизам сè повеќе се разобличува и секој ден сè повеќе излегува на виделина“ рече Филипче.

Филипче потенцираше дека токму реакцијата на СДСМ ја разобличила вистинската намера на власта:

„Вистината е дека ги пресретнавме и разобличивме уште една нивна лага, уште еден нивен лажен патриотизам. Кога дадовме амандмани и најавивме дека тој предлог-закон ќе важи и за актуелниот пратенички состав, а не како што тие сакаа за од следните пратенички состави, и кога го поднесовме и нашиот предлог-закон да членови на влада немаат двојни државјанства, тие постепено ретерираат“ рече Филипче.

Тој потенцираше дека мислење од правни експерти требало ВМРО да побара пред да го поднесат законот во Собранието.

„Премиерот ќе барал мислење од правни експерти. Зошто не побарале претходно? Зошто не побарале мислење од правни експерти пред пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да го поднесат тој закон во Собранието?“ рече Филипче.

Филипче посочи дека концептот на лажниот патриотизам на Мицкоски е целосно разобличен.

„Толку од лажните патриоти. Толку од лажниот патриот Мицкоски. Лажниот патриотизам повеќе не функционира. Станува збор за предавници на националните интереси, на интересите на земјата и на интересите на граѓаните“, нагласи лидерот на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче за Извештајот на ЕК: Сè е полошо

Горан Наумовски

Мицкоски: Грешките од минатото се тешки како планини, но Македонија денес е држава за почит

Горан Наумовски

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра

Мицкоски: Околу 6.000 лица работат со договори на дело или со други форми на договорен ангажман

(ВИДЕО) Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

Горан Наумовски

Филипче: Нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори, а „Платформата 12.05“ одработува за власта