(ВИДЕО) Филипче: Ќе бараме максимална казна за „Македонијалек“ поради техничката грешка со декларацијата на вакцините

Од:

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска изјави дека е завршен увидот на инспекторите од МАЛМЕД во сите места каде што беа детектирани МРП вакцини, со добар и проверен рок, но со техничка грешка на декларациите со македонски јазик.

Заврши увидот на инспекторите од МАЛМЕД, ќе инсистираме максимална казна за Македонијалек

Заврши увидот на инспекторите од МАЛМЕД во сите места каде што беа детектирани вакцините, кои беа со добар и проверен рок, меѓутоа со погрешни декларации.Се констатираше бројот, се напиша Извештајот и сега ќе се продолжи во насока на санкционирање на оваа постапка кон веледрогеријата „Македонијалек“. Ќе инсистираме тоа да биде максималната казна, со оглед на тоа што сметаме дека ваков тип на прекршок, кој сериозно го руши угледот на јавното здравство не треба никогаш повеќе да се повтори.Во меѓувреме, заврши и состанокот со официјалните претставници на компанијата GlaxoSmithKline, кои имаа увид во самата вакцина, пакувањето и рокот. Не уверија дека тоа е нивен производ, дека рокот е добар и квалитетот е согласно нивните стандарди, потврден со испитување во европски лаборатории, какви што има само неколку во цела Европа и истата вакцина која практично се користи во сите земји на ЕУ.Ќе ги повикаме на одговорност сите директори на Здравствените домови и тие коишто ја примиле вакцината да ни укажат како можело да се случи ваков пропуст, да не се детектира таа разлика помеѓу вистинскиот рок, кој што е добар и тој на декларацијата, за да преземеме и санкции од страна на Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë кон одговорните во овие институции.

Posted by Венко Филипче on Вторник, 15 јануари 2019

„Го констатираа бројот, извештајот е готов и сега ќе се продолжи во насока на санкционирање на оваа постапка кон веледрогеријата „Македонијалек“. Ќе инсистираме тоа да биде максималната казна, со оглед на тоа што сметаме дека ваков тип прекршок, кој сериозно го урива угледот на јавното здравство не треба никогаш повеќе да се повтори. Ова ќе биде укажување за сите, како внимателно да ги следат овие внатрешни процеси“, потенцираше министерот.

Министерот Филипче додаде дека ќе се повикаат на одговорност сите директори на здравствените домови и тие коишто се задолжени за прием на вакцината, а не укажале на овој пропуст и зошто не се детектирала разлика меѓу вистинскиот рок, кој е добар, и тој на погрешната декларација, со цел Министерството за здравство да преземе санкции кон одговорните за оваа грешка.

„Во меѓувреме заврши и состанокот со официјалните претставници на компанијата GlaxoSmithKline, кои имаа увид во вакцината, пакувањето и рокот“ соопшти Филипче.

„Компанијата GlaxoSmithKline не увери дека вакцината е нивен производ, дека рокот е добар и квалитетот е согласно нивните стандарди, потврден со испитување во европски лаборатории, какви што има само неколку во цела Европа и истата вакцина се користи во сите земји на ЕУ“, истакна министерот Филипче.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Бидејќи СДС викаат дека Филипче не е во Дубаи, да ги прашаме дали изиграва елита со Заев по луксузните алпски зимски центри Сент Мориц и Гармиш-Партенкирхен

Горан Наумовски

Манасиевски: По толку големи реформи во СДС, Венко отиде на заслужен одмор дома во Дубаи

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да објасни како ги стекнал средствата за златна виза во Дубаи

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ