(ВИДЕО) Филипче: Имавме добар и конструктивен состанок со премиерот, јасно е дека до него стигна пораката

Од:

Денеска, по иницијатива на претседателот на СДСМ, Венко Филипче се одржа прва средба со премиерот Христијан Мицкоски во Владата, на која беше разгледан предлогот за нов модел на политичка соработка насочена кон решавање на клучните прашања од интерес на граѓаните, што претседателот на СДСМ го презентираше вчера.

„Имавме добар и конструктивен состанок со премиерот. Јасно е дека до него стигна пораката, барањето на граѓаните за некаква форма на заедничка работа во сфери коишто се битни за подобрување на квалитетот на нашето живеење“, изјави Филипче по средбата.

На средбата начелно беше договорено формирање заеднички тела или работни групи кои ќе работат на спроведувањето на реформската агенда, потенцираше Филипче.

Првичниот фокус ќе биде на законите поврзани со правосудството, енергетиката и стратешките проекти во здравството, кои треба да стигнат во Собранието.

„Во следниот период ќе номинирам неколку експерти од областа на правосудството и енергетиката, кои ќе се вклучат во изработката на овие законски решенија“, нагласи Филипче, додавајќи дека ова е почеток на еден процес во кој ќе треба да се разработи методологијата на соработка.

Претседателот на СДСМ истакна дека во иднина очекува и другите политички партии да се приклучат на овој модел на соработка, потенцирајќи дека „мора да испратиме порака на обединување за доброто на државата“.

На средбата, Филипче и Мицкоски разговараа и за уставните измени поврзани со евроинтеграциите, каде што, според Филипче, постојат различни позиции.

„За ова останува да зборуваме понатаму“, рече тој.

Следен чекор по средбата треба да биде номинирање експерти во клучните области, а потоа создавање на прелиминарен модел на соработка кој би бил понуден и на останатите политички партии.

„Граѓаните треба да бидат свесни дека некој ги слуша нивните барања и дека тоа мора да биде насоката по која ќе одиме и во иднина“, порача Филипче.

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион

Горан Наумовски

СДСМ: Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски со авионот се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!

Филипче: Немам врска со било која фирма за марихуана, власта прави дефокус од скандалот со 5 тони дрога

(ВИДЕО) Филипче: Законот за високо образование е катастрофално лош, бараме да се повлече

Горан Наумовски