(ВИДЕО) Филипче: Гласот за Перо Костадинов е глас за продолжување на развојот, за секое маало, за цело Валандово

Од:

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина, синоќа, во Валандово ги повика граѓаните, да дадат глас за Перо Костадинов, бидејќи тоа е глас за продолжување на развојот, за секое маало и за цело Валандово.

„Овде луѓето ја знаат тежината на дадениот збор, ја знаат вредноста на чесната и посветена работа. Тоа се одлики и на нашиот Перо и затоа верувам, убеден сум, дека со вашиот глас ќе го продолжиме започнатото и нема да дозволиме Валандово да се врати назад”, порача д-р Филипче.

Тој ја истакна неговата поддршка за актуелниот градоначалник и кандидат на СДСМ, Перо Костадинов, и советничката листа на партијата, упатувајќи порака за единство и победа на СДСМ во Валандово.

„Ние гордо стоиме зад Перо Костадинов, гордо стоиме зад листата на нашите советници, затоа што силно веруваме во нив, во нивната работа, посветеност, во нивната љубов за својата општина, за своето маало, уличка, за својот дом. Тие се темелот на нашата борба”, нагласи д-р Филипче.

Филипче порача дека чесната и посветена работа секогаш носи резултати и напредок, а Валандово е доказ за тоа.

„Кога го имаш тој темел, општината расте со сигурен чекор. Валандово е пример за тоа дека кога се работи чесно, кога се работи посветено, со љубов, со план, со визија – напредокот е загарантиран”, рече тој.

Лидерот на СДСМ потсети на бројните реализирани проекти и конкретни резултати што ја докажуваат успешната работа на Перо Костадинов во Валандово.

„Улици, сали, игралишта, водоводи, градинка, кино сала – тоа што е направено се гледа и вие тоа многу добро го знаете. Затоа Валандово треба да продолжи напред, за секој негов жител, за секое маало, село, улица”, истакна д-р Филипче на граѓанската трибина на СДСМ и Коалицијата „Се бориме за нашиот дом”, која се одржа синоќа во Валандово.

Филипче истакна дека политиката треба да биде алатка за подобрување на животот на луѓето, а не кон пропаганда и лични интереси, укажувајќи на разликата во владеење на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ која стои зад малкумина, зад богати олигарси, и му го врти грбот на народот.

„Тоа е нашата борба – за поголеми плати на работниците, за минимална плата од 500 евра, за повисоки пензии, за земјоделците, за докторите, за наставниците, за младите, за Европа“, порача лидерот на СДСМ д-р Филипче пред присутните.

Тој ги потенцираше резултатите од времето кога СДСМ ја водеше државата, кога платите и пензиите растеа, се воведоа антикризни мерки за зачувување на работните места и поддршка на семејствата, и кога државата беше вистински партнер на граѓаните во најтешките кризи.

„Минималната плата ја зголемивме од 8.000 на 22.500 денари, просечната плата од 22.000 на над 40.000 денари. Ја зголемивме пензијата, тројно ја зголемивме социјалната помош, се спасија над 80.000 работни места, а 20.000 компании беа заштитени од затворање. Семејства беа заштитени преку субвенционирање на сметките за струја. Тоа беа години кога државата стоеше зад човекот“, потенцираше д-р Филипче на трибината на СДСМ и Коалицијата „Се бориме за нашиот дом”, во Валандово.

Би можело да ве интересира

Костадинов: Барам поддршка за нов мандат за продолжување на развојот и инвестициите во Валандово

Горан Наумовски

Мицкоски до Филипче: Кажи јавно што мислиш за твојот ментор и гуру?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: ВМРО-ДПМНЕ врши груба злоупотреба на институциите за избори, началници на МВР на партиски на состаноци

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС, по теркот на нивниот гуру Заев, се спремни за ново предавство за спас на кариерите

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Глас за Дејан Глинџарски е глас за Делчево да продолжи да се развива

Горан Наумовски

Филипче: Со чесна и посветена работа Асен Шајн ќе го врати сјајот на Охрид