(ВИДЕО) Филипче: Единствено што прави СДСМ е барање поддршка на семејствата и откривање на вистината за Кочани

Од:

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја истакна определбата на СДСМ за целосно расчистување на случајот, нагласувајќи дека партијата и натаму ќе продолжи со институционални и демократски механизми да се бори за откривање на целата вистина за трагедијата во Кочани и за поддршка на семејствата.

„Затоа побаравме и анкетна комисија, и надзорна комисија на расправа во Собранието. Во текот на вчерашниот ден во Собранието го доставивме и формално тоа барање, што значи дека ќе ги искористиме сите демократски механизми да се истражи секој детал од оваа трагедија”, порача д-р Филипче.

Тој упати и порака до родителите и целата јавност, потенцирајќи дека СДСМ од првиот ден дејствува искрено и во интерес на семејствата.

„И затоа порачувам и на родителите, и на целокупната јавност, сè што правиме од почетокот до непосредно после трагедијата е барање за поддршка на семејството и откривање на вистината за овој случај”, додаде д-р Филипче.

Лидерот на СДСМ категорично ги одби клеветите и обвинувања за водење на некрофилска политика, изнесени од страна на премиерот Мицкоски во неговото вчерашното интервју, истакнувајќи дека напорите на СДСМ за доследно, транспарентно и институционално да се бори за целосно расчистување на случајот и за правда за семејствата не е некрофилска политика.

„Нема да се откажеме од намерата да останеме цврсто во одбраната на јавниот интерес, ќе ги искористиме сите демократски алатки кои што ни се нудат, и како политичка партија, и преку Собранието, и преку расправите кои што ги побаравме за да вистината конечно излезе на виделина”, порача претседателот на СДСМ, д-р Филипче.

Би можело да ве интересира

Вработена во ДЗС за „Пулс“: Елаборат и процена се клучни за безбедност

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Чибишев: Деновите по пожарот во „Пулс“ беа најтешки во мојата докторска кариера

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Инсталацијата „63 бели столчиња“ во чест на загинатите во трагедијата во Кочани

Горан Наумовски

Минута молк во Пробиштип за настраданите во пожарот во кочанскaта дискотека „Пулс“

Горан Наумовски

Со минута молк, во 2.32 часот оддадена почит во спомен на трагично загинатите во пожарот во Кочани

Горан Наумовски