(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Го плукнавте секое ветување на кое ја градевте кариерата

Од:

Владата во овие четири месеци се движи во целосно спротивен правец од ветувањата што ги дававте пред изборите, а вашата политика нема никаков ’рбет, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и пратеник Венко Филипче, на денешната собраниска седница во пратеничкото прашање упатено до премиерот Мицкоски.

„Целиот ваш политички успех се базираше на противењето на Преспанскиот договор – договор за кој тврдевте дека е национално предавство. Вие реално и немате друга политика по која би ве паметеле освен носењето на маичките со големо НЕ за Преспанскиот договор. Но, откако седнавте во премиерската фотелја, истиот договор стана „ремек-дело на дипломатијата“.Го барате како пример за други договори и од неуморен противник, станавте најгласен поддржувач. Оваа дволичност и врвно политичко лицемерие треба да се изучува во книгите за манипулација со граѓаните“, рече Филипче.

При тоа Филипче го повика Мицкоски да го врати мандатот како што тоа го ветуваше во предизборната кампања.

„Велевте дека ќе го вратите мандатот ако некогаш кажете Северна. Па ајде премиере, еве сега е шанса, во Собранието да го вратите мандатот. Наместо тоа, вие и вашите министри на мала врата почнавте да го користите уставното име, а некои богами тоа и со гордосѕ го изговараат. Со ова покажавте дека вашата политика нема никаков ’рбет, но тоа го знаевме. Вие, премиере , го редефиниравте политичкото лицемерие и популизмот. Вашиот ’рбет се свитка, а вашите принципи паднаа“, порача претседателот на СДСМ и пратеник, Венко Филипче.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Реформи и консолидација во СДС може да има само со превземање одговорност и оставка на Филипче

Мицкоски: И Апелација потврди дека СДС е клеветничка партија

Бранувања во СДСМ, Филипче контра Шилегов: Ги искористија неговите приватни проблеми и задолженост

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче од Брисел: Власта ја турка Македонија во авторитаризам

Владата на Мицкоски го враќа паралелниот увоз на лекови како во времето на Груевски, тврди СДСМ

СДСМ денеска го бира новото раководство