(ВИДЕО) Филипче: Амбулантните возила дојдоа за рекордно време на местото на несреќата

Од:

Министерот за здравство, Венко Филпче, на пресд-конференција пред новинарите рече дека сите капацитети на Службата за итна медицинска помош која е во состав на Здравствениот дом во Скопје и има вкупно 9 возила биле ангажирани критичната но кога била несреќата.

„Сите возила беа веднаш мобилизрани, непосредно по сообраќајната несреќа. Три се упатија веднаш, 5 од терен, од местото каде што беа на работни задачи. За рекордно време беа на самото место на настанот за 14-15 минути веќе беа во селото“, рече Филипче.

Министерот кажа дека дошле дополнителен број возила од здравствените домови од Тетово и Гостивар, 3 возила од приватната болница „Систина“ на барање на Министерството за здравство и три од приватната клиника „Неуромедика“. Во најкраток можен рок се спровела тријажа, т.е. распоредување на повредените во едно возило на итната медицинска помош.

Министерот рече дека пред неколку месеци Министерството распишало и спровело постапка за набавка на возила. „Веќе прившрува рокот за испорака. Во следните неколку недели вкушно 12 возила ќе бидат распределени најмногу во Здр. дом Скопје, а понатаму и во останататите здравствени домови во државата“, рече Филипче.

Васко Маглешов 

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он