ВИДЕО: Фаризи демантира дека ја претставувал државата во Берлин

Од:

Љуљзим Фаризи, вработен во Државниот инспекторат за труд деменатира дека ја претставувал државата во Институтот за културна дипломатија во Берлин, кој вчера беше хит на социјалните мрежи со презентацијата која ја читаше на англиски јазик.

Тој вели дека не е владин функционер туку е вработен на местото помлад соработник во Државниот инспекторат.

На Симпозиумот учествувал приватно, за што сам ги платил трошоците.

-Ги демантирам објавените информации во домашните портали кои го злоупотребија мојата партиципација и моето излагање во Институтот за цултурна дипломатија во Берлин.

-Во едно сакам да Ве информирам дека моето присуство во ICD беше целосно приватно, а не како што пишуваат различните портали кои го објавија виедото, дека сум “висок владин фунционер во државниот инспекторат за труд“ каде што јас го презантирав мојот научен труд.

-На Симпозиумот учествував приватно и во време кога го користев годишниот одмор. Што значи дека јас лично сум го платил учеството и не сум партиципирал во име на институцијата во која сум вработен како помлад соработник.

-Од самата моја презентација може да се разбере дека тоа нема врска со работата на мојата институција каде јас работам, ниту пак во ниеден момент не е спомната ниту институцијата каде што јас работам.

Според него, монтажата во насловот на почетокот на видеото го направил организаторот на симпозиумот, а податоците ги зел од неговото CV.

-Значи уште еднаш тврдам и ги демантирам наводите во сите тие портали кои ја злоупотребија мојата презентација за дневен материал и нивно рекламирање.

-Како доказ за моите тврења ги приложуваам следниве документи, кои ги демантират наводите во електонските портали и тоа:

Налог за исплата во странство (каде јас приватно сум платил)

Решение за користење на годишен одмор



devizennalog godisenodomr nalogplakanje

-Горенаведените документи се доказ за демантирање на наводите дека сум ја претставувал државата, и потполно не е точно дека јас сум функционер на Државниот инспекторат за труд, бидејќи јас имам звање на помлад соработник.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито