ВИДЕО: Фантомски влез во зграда на улица „Михаил Чаков“

Од:

Хаотичниот Избирачки список изнесе фантомски влез во зграда три на улицата „Михаил Чаков“ во Кисела Вода, улица која води до бараките на Општината.

Според Избирачкиот список, на улица Михаил Чаков, зградата број 3 има три влеза, но екипата на А1он таму наиде на само два влеза.

Жителите на зградата се збунети, велат, оваа зграда откако постои има само два влеза.

– Тука се два влеза. Нема трет влез, рече жителка на зградата.

За оваа зграда медиумите пишуваа и на минатите избори, но и покрај пријавите во Државната изборна комисија, овој „трет“ влез е се уште дом за фантомските гласачи во општината.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“