ВИДЕО: Екстрадирано лице од Германија со вкупна затворска казна од 20 години

Од:

Секторот за меѓународна полициска соработка, при Министерството за внатрешни работи, во соработка со германската полиција, во Хамбург го приведе и преку екстрадициска постапка го донесе во земјава лицето Ѓ.М. за кое се трагаше со осум потерници.

Како што информираат од МВР, Ѓ.М. е осуден на затворска казна со вкупно времетраење од 20 години за извршени тешки кражби и криумчарење мигранти.

Покрај тоа, во рамките на оперативната акција „Бегалец“ МВР презема интензивни мерки и активности за пронаоѓање и приведување лица, кои се бараат за издржување на затворска казна на територијата на државата.

-Во периодот од 15 септември до 20 октомври на територијата на Република Северна Македонија приведени се над 100 лица за издржување на затворска казна до 10 години и тиесе спроведени во казнено поправните институции, веалт од МВР и додаваат дека Одделението за потраги при Секторот за меѓународна полициска соработка продолжува со интензивните мерки и активности за пронаоѓање и приведување на лицата кои се бараат со потерници.

Би можело да ве интересира

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба