(ВИДЕО) Експерти: Задоцнета реакција на СДСМ за непризнавање на резултатите

Од:

Професорката Мирјана Најчевска потегот на опзициската СДСМ за непризнавање на изборните резултати го смета за задоцнет. Нејзиниот став е дека сега пратениците кои освоиле мандати не треба воопшто да влезат во Собранието.

„Овој чекор на опозицијата е задоцнет. Избори во Македонија може да успеат ако се формира не техничка туку технократска влада. Тоа значи да биде составена од луѓе кои не се толку вмешани во политика и се стручњаци“, рече професорката Мирјана Најчевска.

Дел и од останатите учесници на панел дискусија на која се сублимираа ставови од денешниот тек на изборниот ден посочија дека опозицијата морала порано да го направи овој чекор.

Активистот Џељал Хоџиќ рече дека освен враќање на освоените мандати за во Собранието, опозицијата да ги повлече и градоначлниците и освоените советнички места на ланските локални избори.

„Ние немавме ниту фер ниту демократски избори. Иако со големо задоцнување јас мислам дека и по 24-ти декември СДСМ не требаше да учествува во никакви избори. Не треба да влезат во Собрание, а јас мислам дека оставки треба да поднесат и градоначалниците од општините каде на власт на се СДСМ но и советниците“, рече Џељал Хоџиќ.

За новинарот Петрит Сарачини ова биле нај нефер избори досега. Според него стравот го надвладеал разумот, а партијата и државата биле една целина, која по сите закони мора да биде одвоена.

„Начинот на кој се дојде до овој резултат не само од овој изборен процес го вкусивме и од минатите избирачки циклуси и кога имате поместување на сите општествени појави надолу очекуван е ваков резултат. Извештајот на ОБСЕ вели дека ова е не фер игра“, рече Петрит Сарачини.

 

Бојан Стојановски

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“