ВИДЕО: Еден загинат во стравотна несреќа пред Стража, сопрен сообраќајот во двете насоки

Од:

Едно лице загинало на лице место во сообраќајка на патот кон Стража, пред Маврово, попладнево.

Очевидци велат дека се судриле три возила и дека има и повредени лица.

Полиција, Брза помош и Пожарна се веќе на местото каде што се случила сообраќајката.

Очевидците велат дека сообраќајот е стопиран во двете насоки и кон Стража и од Стража кон Скопје и веќе се формирани долги колони возила.

АМСМ соопшти дека од 15.45 часот, поради сообраќајна незгода, сообраќајот на магистралниот пат Гостивар – Кичево А-2 на местото викано Новоселски пат е во целосен прекин.

МВР за подоцна најави детали за сообраќајната незгода.

Од таму известија дека денес на делницата Тетово – Гостивар казнети се 86 возачи кои возеле 50 – 70 километри на час над дозволената брзина.

Би можело да ве интересира

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари

Излажал жена од Прилеп дека внукот ќе и оди во затвор заради сообраќајка во странство – и зел неколку илјади евра

Катерина Ѓуровски