(ВИДЕО) Џиковски: Вандалски напад на хотел Арка, сопствениците, персоналот и странски гости заложници на дваесетина лица

Од:

Сопственикот на хотелот Арка од Скопје, Сашо Џиковски се жали дека од утрово до попладнево во хотелот траел вандалски напад од дваесетина лица, за кои тој тврди дека се организирани од сопственик на дивоградба која се гради во Старата скопска чаршија.

Џиковски: Вандалски напад на хотел Арка, сопствениците, персоналот и странски гости заложници на дваесетина лица

Џиковски: Вандалски напад на хотел Арка, сопствениците, персоналот и странски гости заложници на дваесетина лица

Posted by A1on Vesti on Четврток, 23 август 2018

„Полиција интервенираше неколку пати, меѓутоа од полициска станица Битпазар одбиваат да реагираат со образложение дека повеќе не се во можност да ја гарантираат нашата безбедност и телефонски ни порачуваат да си ангажираме приватно обезбедување“ вели Џиковски.

Во соопштението испратено од Џиковски се вели дека во моментов како заложници во хотелот биле сопствениците и персоналот, како и триесетина странски гости.

„Ова е резултат на неколку месечен напад со цел насилно затварање на хотелот и превземање на паркинг просторот, а истото е потикнато од нашата етничка припадност, како последна македонска фамилија која оперира во Старата скопска чаршија и овој дел од градот. Објектите и опремата кои се уништуваат се сопственост на хотел Арка и за истите имаме соодветни одобренија и дозволи. Хотел Арка е еден од првите хотели со 5 звезди во Скопје и годишно опслужува преку 7000 гости. На жалост во моментов насилно сме приморани да го затвориме хотелот после 14 години напорна работа. За горенаведените проблеми се известени МВР, Град Скопје, Државен градежен инспекторат и Управа за заштита на културното наследство (бидејќи паралелно се рушат објекти заштитени со Законот за Старата Скопска Чаршија), но до сега нема никаква позитивна реакција“ се вели во соопштението на Џиковски.

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот