(ВИДЕО) Џагадуроски: Марјан Ристески – градоначалник или менаџер на туристичка агенција?

Од:

Изминативе денови, младите прилепчани со право го поставуваат прашањето дали Марјан Ристески е градоначалник на Прилеп или менаџер на туристичка агенција, прашува Александар Џагадуроски – Претседател на СДММ – Прилеп.

Додека Прилеп секојдневно тонe во безработица и турка рекорди во сиромаштија, градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Ристески, сади палми!

Затоа што, поради неспособноста на локалната власт да обезбеди нови работни места, младите купуваат билети во еден правец за дестинации што подалеку од Македонија.

Додека младите масовно заминуваат по работа во Дубаи, градоначалникот им засади палми, кои се типични баш за таму!

Палмите кои изминативе денови беа засадени на повеќе локации во Прилеп и ширум Македонија даваат посебно значење на зборовите на еден од министрите на Груевски: „трошиме на чоколада, а немаме за леб“.

Замислете, власта на Никола Груевски во заминување троши половина милион евра за палми, а пари за студентските домови НЕМА! Во исто време, болницата и железницата во Прилеп се распаѓаат, улиците низ градот се целосно раскопани и опасни за граѓаните кои се движат по нив.

По падот на режимот, на фер и демократски избори, СДСМ целосно ќе го промени начинот на владеење. Наместо во палми и жални врби, ќе се инвестира во младите, ќе се издовјуваат средства за младинските идеи. Со спроведувањето на мерките од програмата на СДСМ младите повторно ќе ја гледаат и градат својата иднина во својата татковина.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Просечна плата над 1.000 евра, минимална од 600 евра во новиот наш мандат

Горан Наумовски

СДСМ: ДПМНЕ со рацете во медот, мора да има одговорност за скандалот со купувањето поскапи машини

Николовски: Субвениција до 90%, повеќе за сите се и мерките за помали сметки на струја за граѓаните и компаниите

ВМРО-ДПМНЕ за Апасиев: Коалициониот партнер на СДСМ и ДУИ го сака Хамас, се поклонува на Енвер Хоџа, молчи за онкологија

А1он

Ковачевски: Опозицијата шири етнички тензии и нѐ враќа во 2001, демократска Влада на СДСМ направи голем исчекор во слободата на медиумите

Демократски сојуз: Ковачевски и Маричиќ водат партиска кампања со државни пари