(ВИДЕО) Џафери: Власта и опозицијата се согласуваат за промени во безбедносниот сектор

Од:

По барање на МВР, конкретно на министерот, Оливер Спасовски како претседател на групата за реформскиот процес од извештајот на Прибе, организиравме ад-хок средба со членовите на комисиите кои се надлежни за надгледување на работата на безбедносниот сектор во целина, информираше претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Тој кажа дека на средбата министерот ги известил сите инволвирани во процесот за подготовки и имплементација на оние препораки кои произлегуваат од извештајот на Прибе односно на средбата се зборувало за чекорите кои се преземени во Министерството и Владата како и за намерата за излегување пред Собранието со драфт проект кој што треба помине низ соодветна парламентарна процедура.

– Првично ние ги преземавме идеите кои се во тој контекст и варијантите кои министерството ги има во предвид. Во понатамошниот тек на работата конзистентно ќе бидеме информирани од министерот за чекорите кои се превземаат и во тој контекст треба да бидеме инклузивни сите. Подготвеност од власта и опозицијата во имплементирањето постои, и во тој контекст министерот даде гаранција до опозицијата дека навремено преку пратениците кои се дел од групата ќе бидат информирани за она што следува во тој процес на реформи, рече Џафери.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање