ВИДЕО: Во скопска Топаана приведени две лица, запленети оружје и муниција во импровизирана работилница

Од:

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во соодејство со Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје вчера ги лишила од слобода А.Ј.(46) и С.Ј.(73), двајцата од Скопје, осомничени дека извршиле кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

По претходно обезбедена наредба од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје извршен е претрес на дом и помошни простории кај А.Ј., каде била лоцирана импровизирана работилница за изработка и поправка на оружје и муниција.

– Биле пронајдени шест ловни пушки, 3.215 парчиња муниција за огнено оружје, 67 механизми и делови од огнено оружје за пушки, 3 цевки за пушки, 74 делови од разновидно оружје, 9 затварачи за пушки, 22 кутии со разновидни механизми за пиштоли, една дигитална вага за мерење на барут, се наведува во денешното соопштение од МВР.

Портпаролот на МВР, Сузана Прањиќ Талевска, информира дека претрес бил извршен и кај неговиот татко С.Ј., кој во моментот престојувал во викенд куќа во село Раштак, при што биле пронајдени: една полуавтоматска пушка, една ловна пушка, еден сигнален звучен револвер, шест цевки за оружје, три дрвени кундаци, 1604 куршуми со долго зрно, 101 куршум ловна муниција калибар 12 мм, затворач за оружје, куршуми маневарска муниција, 499 куршуми ловна муниција кал.16мм, четири пакувања со иницијални каписли.

А.Ј. и С.Ј. се приведени во пoлициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија