ВИДЕО: Два хеликоптера го гасат пожарот во Охридско

Од:

Два хеликоптери од рано изутринава дејствуваат на опожарените подрачја северно од Охрид, црпејќи вода од езерото и гасејќи ги пожарите над селата Косел и Опеница.

Од воздух се дејствуваше и вчера во текот на целиот ден, со хеликоптери и со три авиони ер-трактор.

На терен се распоредени и екипи на Територијатната противпожарна единица, на општинските јавни претпријатија, на Подружницата на ЈП „Македонски шуми“, како и месното население во обид да се контролираат пожарите.

Со механизација направен е појас околу најкритичните места, за да се спречи ширење на пламенот од сртовите што се покриени со нискостеблести растенија кон боровата шума што доколку биде опожарена мошне тешко се гаси.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, очекува во текот на денешниот ден да биде изгасен пожарот над селото Косел.

„Состојбата со пожарот во Охридско денеска е добра благодарение на преземените интензивни активности за гаснење од земја и воздух, кои продолжуваат. Треба денес да завршиме или целосно да го ставиме под контрола, истакна Пецаков.

Според последните информации од Центарот за управување со кризи, вчера било дејствувано на потегот кај Илинска Планина, како и на четири точки на потегот над селата Косел-Расино-Опеница-Вапила.

Би можело да ве интересира

Нема активни пожари, два се под контрола, а 14 изгаснати

Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола

Нема активни пожари, а еден е под контрола – кај село Белица и Јасен

Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен

До утринава вкупно 31 пожар на отворено во Македонија

А1он

Регистрирани се 17 пожари на отворено во Македонија

А1он