Регистрирани се 17 пожари на отворено во Македонија

Од:

До 18:30 часот попладнево се регистрирани вкупно 17 пожари на отворен простор, од кои седум се активни, три се под контрола, а седум се изгаснати.

Како што информира Центарот за управување со кризи, активни се пожарите во: Општина Сарај: с. Копаница – с. Радуша (нискостеблеста шума и ниска вегетација), Општина Чашка: над с. Нежилово, м.в. Сватови (ниска вегетација и единечни дрва), Општина Боговиње: с. Урвич (нискостеблеста вегетација), Општина Ново Село: помеѓу с. Барбарево и с. Стиник (ниска вегетација и мешана шума), Општина Струга: с. Долна Белица, с. Вишни и с. Октиси (стрниште и ниска вегетација), Општина Штип: помеѓу селата Селце, Пухче, Степанци и Лакавица (ниска вегетација) и Општина Прилеп: кај Дата центар (ниска вегетација и ѓубре).

Под контрола се пожарите во општините Гостивар и Македонски Брод: кај с. Трново (Општина Гостивар), кон селата Битово, Заград и Страјане (Општина Македонски Брод) (нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат), Општина Делчево: градска депонија Острец (депонија) и Општина Зелениково: над с. Палиград (мешана шума).

Според ЦУК, изгаснати се пожарите во: Општина Гази Баба: клучка Арачиново – Илинден (ѓубре), Општина Гази Баба: с. Црешево (ниска вегетација и грмушки), Општина Врапчиште: с. Градец (борова шума), Општина Македонски Брод: с. Драгов Дол (ниска вегетација и шума), Општина Кичево: кај стадионот на „Напредок“ (стрниште), Општина Кривогаштани: с. Житоше (ниска вегетација) и Општина Ресен: с. Подмочани, место викано Макази (борова шума и ниска вегетација).

Би можело да ве интересира

Двајца странци заглавиле на врвот Приберг на Шар Планина, извлечени од косовска страна

Катерина Ѓуровски

Вкупно 46 пожари на отворено, седум активни, еден под контрола

Ѓубре, ниска вегетација и стрниште горат во општините Битола, Бутел и Брвеница

Вкупно 28 пожари регистрирани на отворен простор, активни нема, еден е под контрола

Ангелов: И јас укажував на слабостите, но состојбата е значително подобрена

Македонија е неподготвена за природни катастрофи, недостиг на пожарникари, опрема и стратегија