ВИДЕО: ДСЗИ нема ингеренции да зема брисеви за коронавирус од кваки во супермаркети, одговорноста е на граѓаните и на правните субјекти

Од:

Државниот санитарен и здравствен инспекторат при надзорите во супермаркетите не зема брисеви од кваки, пултови, од терминалите за плаќање со картички или пак од кое било друго место кое е во јавна употреба. Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Иринка Сотирова – Бухова вели дека одговорноста за евентуално пренесување на коронавирусот од овие места е на граѓаните и на правните субјекти кои треба да ги почитуваат препораките на Владата за заштита од вирусот.

„Законска регулатива по овие прашања не постои. ДСЗИ нема во своите ингеренции земање брисеви од споменатите места. Единствената превенција која ние ја кажуваме, ја повторуваме и ќе ја повторуваме за сите институции, е личната одговорност и совесност на граѓаните. Тоа значи почитување на препораките кои ги издаде Владата кои се претходно дадени од Комисијата за заразни болести. Исто така сакам да напомнам дека дел од одговорноста за овие прашања сноси и правниот субјект кој стопанисува со тие објекти“, рече директорката Сотирова – Бухова.

Препораките на Владата за пазарење во супермаркети се да се дозволи влез на ограничен број луѓе, да се одржува растојание од два метри додека се чека ред на каса и сите купувачи како и персоналот да носат заштитни маски и ракавици.

Би можело да ве интересира

Се испитува смртта на 14-месечното бебе, инспектори на Детската клиника и болницата Козле

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Комисија ќе утврдува дали имало грешки во лекувањето на бебето од Ресен кое почина по 30 часа од раѓањето

Катерина Ѓуровски

На Токсикологија работеле лица без договор за работа, Инспекторатот им забрани пристап до клиниката

A1on