ВИДЕО: Државата ќе ги плаќа придонесите на вработените во медиумите, ако исполнуваат три услови

Од:

Владата донесе одлука да обезбеди поддршка за медиумите и медиумските работници кои се погодени од кризата која ја предизвика коронавирусот. Вицепремиерот Бујар Османи, кажа дека донесена е одлука за државата да обезбеди 100% покривање на придонесите на плата за сите вработени во медиумските куќи, а тоа ќе трае исто колку што траела вонредната состојба. Со оглед на напливот на лажни вести, според Османи, на овој начин ќе им се даде поддршка на оние кои ги пренесуваат точните вести.

„По извршените консултации, ако сакате и преговори со Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, денес можам да констатирам дека постигнавме пристојно решение за тоа како ние како Влада можеме да обезбедиме поддршка за медиумските работници кои заедно со нас ја водат битката против пандемијата. Донесовме одлука државата да обезбеди средства за 100% покривање на придонесите на плата на вработените во медиумите и медиумските куќи, вклучувајќи ги тука телевизиските и радиодифузерите, печатените медиуми како и електронските интернет портали. Времетраењето за кое ќе важи оваа одлука се изедначува со времетраењето на вонредната состојба, а започнува по нејзиното укинување. Задоволен сум што за реализација на оваа мерка, одредивме и неколку услови со кои се заштитуваат токму работниците“, рече Османи.

За да се искористи мерката од Владата има три услови, односно, медиумите кои ги намалиле платите на вработените во кризата да ги вратат на нивото пред почетокот на вонредната состојба, да немаат отпуштено ниту еден вработен поради кризата и да имаат најмалку тројца вработени на неопределено време.

„Оваа мерка ќе можат да ја искористат медиумите кои за време на кризата не отпуштиле ниту еден вработен поради кризата, а тоа право ќе го немаат ниту за времетраењето на субвенцијата или нема да отпуштаат ниту еден вработен најмалку во следните три месеци. Второ, оние медиуми кои поради кризата ги намалиле платите на одредени или сите вработени, за да можат да ја искористат субвенцијата ќе треба да ги вратат платите на нивото од пред почетокот на вонредната состојба. И трето, бидејќи интересот на синдикатот се самите вработени новинари и медиумски работници, право на оваа мерка ќе имаат медиумите кои имаат најмалку тројца постојано вработени работници“, додаде Османи.

Според него, новинарите се во првите борбени редови заедно со полицијата, Армијата, медицинарите и останатиот кадар кој се бори со коронавирусот. За лажните вести, Османи кажа дека се светска хибридна закана која од општествен и безбедносен, сега се и здравствен проблем.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски