(ВИДЕО) Драма во Тетово: Девојка сакала да скокне од прозорец, приведен маж кој бил со неа за посредување во проституција

Од:

Полицајци од Тетово спречиле млада девојка која сакала да скокне од прозорец на мотел во Тетово и да си го одземе животот.

– Денес, во 14.35 по претходна пријава од Л.К., дека по недоразбирање со женско лице кое не сака да го напушти мотелот, од страна на полициските службеници од СВР Тетово на лице место било констатирано дека женско лице стоело на работ на прозорот од собата на хотелот со закана дека ќе скокне или ќе се самоповреди со остар предмет кој го држела во раката. По наредба на јавен обвинител полициските службеници насилно ја отвориле вратата на собата и ја спречиле девојката во својата намера, се вели во соопштението од МВР.

Девојката е пренесеа во Клиничката болница во Тетово за укажување лекарска помош. Во меѓувреме полицијата го лишила од слобода Л.К. под сомнение за посредување на проституција. Во акцијата еден полициски службеник е полесно повреден.

По завршување на истрагата, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Би можело да ве интересира

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Метален профил усмрти градежен работник од Велес