Демократската партија на Албанците и покрај препораките за претпазливост од коронавирусот, oдржа конвенција на 12 март во затворена сала во Тетово.
На фотографиите и видеата од конвенцијата, може да се забележи голема посетеност на настанот.
Луѓето седат едни до други, непочитувајќи ги препораките за држење растојание поради коронавирусот.
Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, бил еден од говорниците на конвенцијата каде се презентирале кандидатите за пратеници на претстојните избори.
Тој во својот говор ги критикува неговите опоненти Билал Касами, Али Ахмети и Зијадин Села.
Во моментов во Македонија има 18 потврдени случаи со коронавирус, од кои 16 се во Дебар каде движењето на граѓаните целосно е ограничено.