(ВИДЕО) Донев: Георгиевски нетранспарентнo се обидува да спроведе избори за Совети на Месни и Урбани заедници во Гази Баба

Од:

„Градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски со прекршување на правилата за работа на Месни и Урбани заедници, преку еден нетранспарентен начин се обидува да организира и спроведе избори за Совети на Месни и Урбани заедници во Општина Гази Баба.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата по барање на граѓаните на Општина Гази Баба јасно се спротивставува на обидите да се организираат избори на кои граѓаните на Општина Гази Баба ќе не можат да го искористат уставно загарантираното право, да избираат и да бидат избрани“, рече Ристо Донев од ВМРО-ДПМНЕ.

„Имено, градоначалникот Георгиевски го определи денот за поднесување на кандидатури за членови на Советот и денот за гласање за членови во Советот на Месни и Урбани заедници да биде работен ден и истовремено се ограничи бројот на граѓани кои можат да поднесат кандидатури. Сметаме дека ваквиот начин на организирање на изборите не гарантира транспарентен процес во кои сите граѓани ќе имаат подеднаква можност да бидат избрани и забелешките на граѓаните ги оценуваме како конструктивни.

Во таа насока како Советници на ВМРО-ДПМНЕ бараме:

o Бројот на кандидати да не биде ограничен се со цел секој граѓанин на Општина Гази Баба кој сака да се вклучи во облиците на Месната самоуправа да има можност тоа да го стори и истото да биде поткрепено со 10 потписи од граѓани за поединечна кандидатура.

o Денот определен за поднесување на кандидатури и денот определен за гласање да биде неработен ден“, вели Донев.

Би можело да ве интересира

МВР: Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување на в.д. директор на ЈКП “Гази Баба 2007”

Обид за убиство во Гази Баба: Испукал 11 куршуми кон познаник и кон неговата сопруга

Тепачка во Гази Баба: Момче се пресметало со неговите баба и тетка

А1он

Левица: Стефковски ги остави учениците во Гази Баба без бесплатен превоз

Го киднапирале и силувале за долг од 150 евра – кривична за двајца скопјани

Анита Петровска Рајковиќ

Левица: Дивоградбите во Гази Баба недопирливи веќе два мандати