ВИДЕО: Донесени нови цевки – во тек санација на мостот кај Железничка

Од:

Екипи на АД Електрани на Северна Македонија, веќе започнаа со санација и замена на опожарениот топловод на мостот „Беласица”, кој беше оштетен во пожарот што избувна под мостот.

Предвидено е замената да трае брзо и во следната грејна сезона која почнува во октомври 2023 да има сигурна и непрекината испорака на топлинска енергија.

Инаку мостот сè уште е вон употреба. На 12 мај изби пожар кој беше причина да биде затворен за сообраќај.

Мостот кој беше опожарен, а кој ги поврзува Железничка и Ист гејт нема сериозни оштетувања и неговата санација ќе биде полесна, односно се работи за помали зафати. Бетонот на мостот Беласица е во идеална состојба и истражувањето што го направи Институтот за сезимички отпорни градби и климатски промени покажа дека по вадењето на цевките за парно греење може да започне со санација на мостот, вели за А1он Михаил Гаревски од Институтот за сеизмички отпорни градби.

„ Потребно е таканареченото торкретирање со бетон да се изврши на долниот дел од плочата, потоа да се изврши пробно оптоварување, па да се пушти мостот во употреба.  Откако ќе се почне со санацијата по правило би требало бетонот да зрее 28 дена и потоа треба да се направи пробно товарење како доказ дека мостот е во ред. Тоа товарење на мостот ќе биде со 60 тонски возила и дури потоа може да се пушти мостот. “, вели Гаревски .

Гаревски вели дека во Македонија треба да се проверат сите мостови бидејќи на голем дел од нив има потреба од санација. Како прв мост за санација го посочи мостот кај селото Пчиња.

Би можело да ве интересира

Почна монтирањето на новиот топловод под мостот Беласица

Мостот „Беласица” утре ќе биде затворен за сообраќај поради градежни активности

ЕСМ почна да го санира цеквоводот на мостот „Беласица“

Парно во Скопје ќе има од недела иако цевководот под мостот „Беласица“ ќе биде пуштен во декември

A1on

Цевководот на „Беласица“ ќе биде саниран, скопјани ќе имаат парно навреме уверува ЕСМ

Арсовска: Мостот „Беласица“ е безбеден, треба санација од страна на ЕСМ во долниот дел

Горан Наумовски