(ВИДЕО) ДОМ: Какво решение договорило МНР за бегалската криза?

Од:

Демократската обнова на Македонија побара одговор за тоа какво решение договорило Министерството за надворешни работи за бегалската криза. Според нив, мора да се знае каков договор е направен зад грбот на македонските граѓани и во чиј интерес и чија штета е договореното.

– Каква е таа помош што и се нуди на Македонија „во опрема и војска“, како што рече австрискиот министер Курц? Дали некој има намера земјата да ја претвори во логор, праша портпаролот на ДОМ, Тони Христов.

ДОМ го поздравува и позитивниот чекор, односно прекинот на огнот во Сирија договорен на Минхенската безбедносна конференција. Според портпаролката на ДОМ, Маја Морачанин, тоа е надеж за целата демократска јавност дека има опција за траен мир во тој дел од светот.

– Треба да се спроведе некој вид Маршалов план за сиромашните земји, за прераспределба на богатството и намалување на огромните разлики, затоа што додека тие постојат, ќе има реки бегалци кон побогатите земји, вели Морачанин.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

ДОМ: Самоуништување на природата – Дошница жртва на владината неодговорност

ДОМ: Ние нема да дозволиме демократијата да се замени со партиски калкулации, ниту волјата на граѓаните со „повереници“

Горан Наумовски

ДОМ: Ние сме за зелена Македонија, а не за рудници кои се штетни за сите

Горан Наумовски

Би-Би-Си: Во Европа нема повеќе место за бегалци од Украина

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!

ДОМ: Револт и неверување – пратениците покажаа отсуство на хуманост и емпатија за цивилите во Газа!

А1он