(ВИДЕО) ДОМ: Каде е законот за зеленило што го вети министерот Мисајловски?

Од:

Министерот за транспорт и врски, Владимир Мисајловски уште пред пет месеци вети дека ќе биде донесен закон за зеленило, но од тоа се уште нема ништо. Министерот ова го вети, како одговор на пратничко прашање на Лилјана Поповска, кога кажа дека законот ќе биде донесен за две недели, по што од ДОМ го прашуваат Мисајловски каде е законот.

-Ги повикуваме сите граѓани, граѓански организации и политички партии да ја дадат поддршката на законот за зеленило кој е во собраниска процедура по трет пат изминативе две години, вели портпаролот на ДОМ, Тони Христов.

Тој вели дека законот има препораки од Градот Скопје и сите општини од ЗЕЛС, каде се поминати серија јавни расправи за него.

Од ДОМ велат дека е некоректно да се подбуцнуваат граѓани од иста општина едни против други, злоупотребувајќи го правото на дел од нив на материјална оштета за некогаш одземените имоти. Тие воедно го поддржуваат и граѓанскиот протест за сочувување на зеленилото во Општина Карпош.

-Бизнис интересите не смеат да се стават пред правото на граѓаните на хумано живеење во здрава животна средина. Неразбирливо е како се дозволува натамошно уништување на зелените површини во услови кога Скопје е еден од најзагадените градови во Европа, вели Маја Морачанин, портпаролката на ДОМ.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски