(ВИДЕО) Дискусија: Власта создава националистички проблеми за дефокусирање од реалните

Од:

Пленумите, движењата, масовниот граѓански протест на 17 мај годинава, се само дел од примерите како граѓаните без разлика на етничка припадност заедно застануваат против неправдата што им се нанесува.

Ваквиот пркос е кревок и потребно е идната власт да ја врати довербата дека Македонија е мултикултурно општество, порачаа вчера во Кампот на Слободата пред Влада Петар Атанасов, универзитетски професор и претседател на Kомисијата за образование на СДСМ, Афердита Хаџијаха Имери, граѓанска активистка, Џабир Доко, активист во Партијата за движење на Турците, Аднан Џаферовски, член на Извршниот одбор на СДСМ, и Џелал Хоџиќ, граѓански активист.

Дискусијата насловена како Граѓанското општество и мултикултурните дилеми – се случува ли нешто ново во Македонија?, ја отвори претседателот на Комисијата за образование при СДСМ Петар Атанасов, кој истакна дека во последниве 20 години во Македонија се случув абескрајна етнизација.

– Македонија поминува низ тежок период. Сите знаат дека Македoнија е во криза, и општествена и институционална и економска и државна. Исто така етничките теми и дилеми се присутни со нас постојано две децении, нема Влада во чии 5 приоритети не се наоѓаат етничките прашања, но за жал не успеваме да ги надминеме, да решеме некој од нив иако многу внимание и време се посвети, особено 2001 година. Исто така мултикултурните аргументи од страна на политичaрите во изминативе години повеќе се употребуваа како оправдување и како изговор. Наместо поголема интеграција во општеството, после 2001 сведоци сме на бескрајна етнизација, рече Атанасов во воденото обраќање.

Според Аднан Џаферовски, член на Извршниот одбор на СДСМ истакна дека граѓанска задача е да сите заедно да се бориме против злото наречено национализам.

-Ние не смееме да дозволиме молчењето да стане болест на нашето општество. Дијалогот и дебатата ќе бидат можни тогаш ќе му дозволиме на другиот и поинаквиот  сам да се претстави таков, каков што е, сам да си ја артикулира својата позиција во општеството, а не секогаш да имаме фикстација на нашата сопствена претстава за другиот и поинаквиот за која ви тврдам дека скоро секогаш е полн со предрасуди, стереотипи и потполно непознавање на другиот.Национализмот , фашизмот, тоа се сериозни боелсти на секое општество. Задача на секој од нас е да се бориме против ова зло. Кампот на Слободата е огледало за тоа како треба да изгледа една Македонија едно општество, погледнете околу себе и ќе ги видите сите нијанси и разлики кои се неопходни за функционирање на едно мултикултурно општество. Оттука ги повикувам сите граѓани да дадат свој придонес во нашатаа визија за една Македонија – едно општество, вели Џаферовски.

debata25 (3)

Активистката Афердита Хаџијаха Имери смета дека доколку во Македонија би се почитувале законите и вредностите, придобивките од мултиетничноста ќе дојдат сами.

-Во Македонија законите не се почитуваат и следствено на тоа далеку од тоа дека се почитуваме а уште помалку се обидуваме да создадеме еден јаве дискурс на таква почит кон вредноста и придобивките кои доаѓаат од мултикултурализам или мултиетничноста. Македонија од свото осамостојување до сега има прифатено различни меѓународни договори и проекти во име на оваа кауза- да се изгради едно демократично општество. Ние такво нешто немаме, а искрено се надевам дека ќе успееме да изградиме. Последнава година тоа е интензивирано, а многу повеќе во последниве месец каде мултиетнички вредности се промовираат засновани врз една граѓанска платформа предводена од опозицијата.  Освен на изјавите на лидерот на СДСМ се надевам дека ќе има промени и во партијата.

Македонското оштество, институциите, МАНУ, многупати имале прилика да направат нешто позитивно, но не го сториле тоа. Апелирам да овие лекции, пракси и искуства кои сега ги стекнуваме, оваа мала кревка доверба што ја создаваме, да се зајакне и да израсне во нешто што ќе биде потрајно. Дали вистински ќе израсне зависи од сите нас, вели Имери.

Граѓанскиот активист Џелал Хоџиќ истакна дека граѓаните почннуваат да ги рушат етничките и националистички ѕидови кои во своето владеење ги создал Груевизмот.

– Во последниве години се случува еден мал позитивен тренд, а тоа е дека граѓаните почнуваат да ги рушат ѕидовите кои груевизмот успешно ги гради во последниве 10 години, а тоа се етничките и верските ѕидови. Еден зголемен интензитет е митинот на опозицијата на 17 мај и се случи една прекрасна слика да видеме и Босанци, Македонски, Турци и Албанци и Власи тука пред владата, сите обединети во борбата против злото кое ни го нанесува власта на сите поеднакво. Третиот момент кој ми дава надеж е реакција на граѓаните на немилите настани и инцидентите во Куманово, и Македонците и Албанците не дозволија да помине сценариото на режимот. Ми се чини дека на поголем дел од граѓаните им е јасно дека власта го користи национализмот за да гради ѕидови помеѓу граѓаните за полесно да може да ги контролира и произведува проблеми кои се со национален предзнак да може да дефокусира од реалните проблеми кои ги имаме сите заедно. Сите го дишиме загадениот воздух, сите го имаме проблемот со иселувањето, сите имаме најмали минимални плати во Европа и на крајот од денот првата голема победа која ќе има некаков мултиетнички предзнак ќе биде поразот на Груевски, рече Хоџиќ.

debata25 (2)

Џабир Доко, активист во Партијата за движење на Турците смета дека граѓаните го надминале национализмто и сега себорат за многу повисоки цели од тоа.

–  За време на своето владеење Груевски ги разедини сите слоеви на општеството. Првиот чекор на Груевизмот беше што го подели македонскиот народ на Антички, според нив вистинските и Словени – предавниците. Од друга страна од снимките слушаме дека нивното мислење за другите етникуми е страшно. Им даваат епитети како индијанци, шиптари, цигани, човечиња. Факт е дека актуелната власт ниту има стратегија, ниту  има некоја цел да изгради соживот во Македонија, нивните евтини режии веќе не поминуваат, граѓаните имаат повисока цел и нивната национална припадност воопшто е е проблем кога се бориме за иста цел, порача Доко.

Дискусијата предизвика внимание и кај публиката во антивладиниот камп, меѓу која присутен беше и лидерот на опозицијата Зоран Заев. Заев исто така се вклучи во дебатата, посочувајќи дека за градење на цврсто, сложно, мултиетничко општество, на опозицијата и треба помош и од граѓаните.

-Бомбите не ја  открија само вистината за Македонија, колку тоа власта ни е корумпирана, колку тоа е националистичка, колку тоа Никола Груевски се повеќе станува се поголем Александар Македонски, а Али Ахмети се поголем Скендер Бег и колку тоа ни го разделуваше општеството.

Некој ако каже дали сме успеале, успеавме пријатели многу, денеска сме заедно сите и ова опстојување не се случи само на 17ти, ова живее, ова расте. Расте во душа и ја крепи нашата мултиетничка земја и тоа мора да го надоградуваме. Јас сум претседател само на една од многуте политички партии во Македонија. Знаете кога зборуваме за овие придобивки мултиетнички, ризикот е многу силно исправен после многу години национализам. Дали СДСМ  губи македонски гласови, не е толку страшно.

Овие придобивки што ги добиваме секој ден многу повеќе значат од гласови. Џабе ни е ако опозицијата политичка победи на изборите, а ние не ја промениме Македонија, џабе е. Ќе заглавиме во калта националистичка од која тешко ќе излеземе. Ако не го вјаеме овој ветер на кој му се радуваме сите, тогаш џабе е кој ќе биде на власт во Македонија. Не е крај на светот дали ќе се договориме на 29, најважното е ова што го негуваме, ова ќе расте.  Ако не се договориме на 29. да замине Груевски ќе се договориме некои месеци што идат пред нас, но ова не смееме да го испуштиме што денеска го имаме. И затоа,  помогнете му на СДСМ.

Јас сум денеска претседател на членови на најголемата опозициска партија во која членуваат и Албанци и Македонци и Турци, но многу треба да одиме за да докажеме дека сме мултиетничка партија. Се уште треба време тоа да го докажеме, само физичкото членство не е доволно. Затоа ја испраќам таа порака. Најголемата помош доаѓа од ова наше заедничко опстојување, рече Заев.

Вчерашната дебата се одржа во Кампот на Слободата пред Владата, каде граѓани од цела Македонија повеќе од еден месец спијат на отворено небо, барајќи оставка од премиерот и одговорност од целата власт по серијата коруптивни скандали објавени низ политичките бомби на опозицијата. Секоја вечер во антивладиниот камп се дискутира на одредена тема, при што луѓе од областа кој е предмет на дискусија, заедно со граѓаните ги лоцираат проблемите во одреден сектор, но и нудат предлози и решенија за подобрување на состојбите во иднина.

Би можело да ве интересира

Почна третото издание на меѓународниот ракометен камп „Кирил Лазаров 7“

Наум Локоски

„Граѓаните за Македонија“ остварија средба со Зоран Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Кампери пред Влада: Падна митот за Груевски, непопустливиот

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Дискусија: Домашното производство на струја се намалува, увозот расте тендензиозно

Ана Ололовска

Дискусија: Анализа на состојбите во ЕЛЕМ и МЕПСО пред и после 9-те години на ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Дискусија: Дали македонскиот безбедносен систем е во распаѓање?

Ана Ололовска