(ВИДЕО) Кампери пред Влада: Падна митот за Груевски, непопустливиот

Од:

Се уништи митот за Груевски со договорот од Пржино кој предвидува негова оставка, велат камперите од пред Влада. Меѓу нив се уште владее сомнеж дека премиерот, Никола Груевски ќе ги исполни ветеното. Откако беше најавено дека кампот ќе се растури затоа што повеќе не ја исполнува својата функција, тие велат дека ќе го подигнат повторно доколку договорот од Пржино не се реализира.

-Задоволен сум од договореното, но можеше уште подобро. Ги исполнивме целите за кои што сме тука. Резервирани сме како ќе се однесува човекот од карши кога ќе треба да се предадат министерствата доделени поради контрола и ослободување од притисок за гласање. Треба да се почека до септември и да видиме како што понатака. Доколку диктаторот во оставка продолжи по своето, ние повторно сме спремни за вакво нешто – вели еден од членовите на опозициската граѓанска коалиција кој смета дека не е време да се собере кампот.

-За сега ништо не е сигурно, се надеваме дека со поголем притисок од наша страна и со добро сработена кампања ќе успееме во она што сме го зацртале, а тоа е слободата – вели друг.

Еден од камперите пред влада во анкетата на „А1он“ изјави дека најбитниот дел од договорот е тоа што падна митото за непопустливиот премиер.

-Непопустливиот попушти, презадоволни сме. Познавајќи го Никола Груевски има сомнеж дека ќе се реализира договорот. Најбитниот сегмент е дека падна митот за груевизмот и за непопустливиот кој до вчера велеше дека нема да има предвремени избори, дека нема да има министри на СДСМ во Владата и кој не сакаше да чуе за министер за внатрешни. Се уништи митот за груевизмот – рече тој.

Би можело да ве интересира

Почна третото издание на меѓународниот ракометен камп „Кирил Лазаров 7“

Наум Локоски

„Граѓаните за Македонија“ остварија средба со Зоран Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Дискусија: Домашното производство на струја се намалува, увозот расте тендензиозно

Ана Ололовска

Дискусија: Анализа на состојбите во ЕЛЕМ и МЕПСО пред и после 9-те години на ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Дискусија: Дали македонскиот безбедносен систем е во распаѓање?

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Активистите алармираат: Хидросистемот „Луково Поле“ ќе го опустоши Реканскиот крај

Ана Ололовска