(ВИДЕО) Дискусија: Водечкиот синдикат – продолжена рака на власта, работниците залашени за работните места

Од:

Добар дел од граѓаните во синдикатите веќе не гледаат заштитник на работничките права. Сојузот на синдикатите, наместо да ги штити работичките права се однесува како продолжена рака на власта, а истовремено работничкото достоинство се повеќе се понижува.

Ова се само дел од коментарите поврзани со моменталната состојба со синдикатите и синдикалното здружување за која вчера во антивладиниот камп дискутираа  Милорад Милановиќ од Синдикална организација на македонски навигации, Сузана Стефановиќ – претседател на Мултиетничкиот синдикат за образование, Марјан Ристески од Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија и Тамара Чаусидис, претседателка на Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници.

Модератор на дебатата беше Милан Живковиќ, координатор за социјална политика во фондацијата Friedrich Ebert Stiftung.

Според претседателката на Мултиетничкиот синдикат за образование – Сузана Стефановиќ, сите состојби укажуваат на тоа дека повеќето синдикати се продолжена рака на власта.

– Што можеме да очекуваме  поинаку да мислат работниците за Синдикатот, кога имаме еден водечки синдикат кој кажува дека се е во ред. Синдикалното движење, после еден голем штрајк во кој се виде навистина силата на синдикатот беше во 2002 кој почна во образованието, па ги зафати сите од јавниот сектор и се претвори во генерален штрајк каде што сите бевме на улица, без разлика кој е на власт си ги баравме своите права и си ги добивме.Оттогаш наваму дали се слушна за некаков масовен штрајк? Синдикатот да ги подигне работниците, да застане на страна на работниците, тоа во последните години го немаме. Синдикалното движење се раздвижи последниве години со создавње на новите синдикати, така да полека се враќа вербата. Нема да чекаме на потегот на Сојузот на синдикатите на Македонија, посебно на првиот човек од Сојузот, туку ќе се придружиме на овие активни синдикални организации, рече Стефановиќ.

kampdebata24juni (4)

Таа се осврна и на проблемот со регистраија на нови синдикални организации.

– Во Законот за работни односи нигде не стои регистрација на синдикална организација, стои регистрација на синдикат и дадени се условите. Тоа е еден формален потпис кој треба да го стави министерот за труд и социјала за да може една основна организација да профункционира. Но, министерот, својот потпис го става под желба на првиот синдикалец, вели Стефановиќ.

Тамара Чаусидис – претседателката на најмладиот Синдикат, новинарскиот вели дека синдикалното движење веќе добива автентичност, но истовремено и работничките права постојано се укинуваат.

– Мислам дека во овие 5 години, синдикалното движење добива автентичност и почна да се гледа разликата меѓу она што треба и може да биде синдикат. Ние реално функционираме во исклучително антисиндикално општество во последниве десетици години. Благодарение на сите влади на кои бевме сведоци, Законот за работни односи под терминот либерализација значи укинување постојано на правата на работниците на сметка на работодавачите. Реално, ситуацијата на теренот се менува. Се надевам дека и СДСМ ја сфати пораката од автентичите синдикати, дека работниците веќе не можат да го распродаваат своето човечко достоинство. На секој осум дена по еден работник загинува. Инспекторите за труд не реагираат затоа што чекаат сигнал од министерството.  Ние не можеме да се избориме за елементарни права, да имате договор на неопределено време. Затоа и имаме човечиња кои се плашат за да си го зачуваат работното место, смета Чаусидис.

kampdebata24juni (2)

Првиот човек на Синдикална организација на македонски навигации, Милорад Милановиќ смета дека енергијата треба да се насочи кон тоа како синдикалните лидери да не функионираат согласно желбите на власта.

– Денеска ако сакате да се борите за основни работнички права вие сте секогаш таргет на власта и работодавците. Ние својата енергија треба да ја насочиме кон тоа што Власта имаше желба и успеа да ги стави под капи сите синдикални движења во Република Македонија, така што нашите синдикални лидери ги претвори во олигарси. , рече Милановиќ.

Според Марјан Ристески – претседател на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија, моменталната состојба во Македонија  е на алармантно ниво,

– Сме правеле разни протести и штрајкови во сите влади, меѓутоа денеска состојбата треба да не загрижи сите. Ако некогаш македонскиот работник беше горд на својата плата, со денешните плати, сеемејството на работникот е сведено на просјачки стап.Тоа е таква диктатура, такво омаложување што досега не е видено во Македонија. Но, и покрај сите притисоци што ги имаме ние не се предаваме, вели Ристески.

kampdebata24juni (3)

Генералниот секретар  на СДСМ Оливер Спасовски, како еден од учесниците во дебатат истакна дека граѓаните на Република Македонија веќе 38 дена  кампуваат пред Владата, токму за, меѓу другото да се врати и работничкото достоинство.

-Во Република Македонија имаме груевизација во секој сегмент. На институциите, синдикати, на православната црква, комплетно! Тоа е моментот на владеењето кое го препознаваат граѓаните и меѓународниот фактор. Ние мораме да воспоставиме соработка со синдикатите и клучните работи за унапредување на работничките права, но само со чесни лидери. Мораме да разговараме и во делот на програмските определби на СДСМ за да се провериме што е тоа што треба да го направиме бидејќи претстои период на многу законски измени кои што пред се ќе значат враќање на правата на работните. СДСМ е подготвен да направи сериозно партнертво за социјален дијалог и заеднички да ги решаваме овие прашања и да се обидеме да ја вратиме Република Македонија во вистинскиот колосек, истакна Спасовски.

kampdebata24juni (1)

Дел од учесниците на дебатата споделија и лични искуства за прекршување на нивното работно право, но и примери како тоа се уште се случува во Македонија, притоа сугерирајќи дека идната Владата ќе треба сериозно да размисли за решавање на проблемите со синдикатот и синдикалните здружувања.

Вчерашната дебата беше 38. по ред одржана во Кампот на Слободата пред Владата, каде граѓани од цела Македонија повеќе од еден месец спијат на отворено небо, барајќи оставка од премиерот и одговорност од целата власт по серијата коруптивни скандали објавени низ политичките бомби на опозицијата. Секоја вечер во антивладиниот камп се дискутира на одредена тема, при што луѓе од областа кој е предмет на дискусија, заедно со граѓаните ги лоцираат проблемите во одреден сектор, но и ндат предлози и решенија за подобрување на состојбите во иднина.

Би можело да ве интересира

Почна третото издание на меѓународниот ракометен камп „Кирил Лазаров 7“

Наум Локоски

„Граѓаните за Македонија“ остварија средба со Зоран Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Кампери пред Влада: Падна митот за Груевски, непопустливиот

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Дискусија: Домашното производство на струја се намалува, увозот расте тендензиозно

Ана Ололовска

Дискусија: Анализа на состојбите во ЕЛЕМ и МЕПСО пред и после 9-те години на ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Дискусија: Дали македонскиот безбедносен систем е во распаѓање?

Ана Ололовска