Реформите за излез од политичката криза не може да ги спроведува човекот кој ја донесе кризата, односно Груевски. Тој мора да си замине, за Обвинителството да проработи како институција и најдоцна до ноември четири – пет луѓе најмалку да бидат уапсени. Ова е мислење на професорот Љубомир Фрчковски, кое тој го сподели со присутните граѓани во антивладиниот камп пред Влада на вчерашната дискусија.
Дискусијата насловена „Какви пораки содржат извештаите на ЕУ и САД за Македонија?“ ја водеше претседателка на Комисијата за европски прашања на СДСМ – Лидија Димова, а единствен гостин беше Фрчковски кој дебатираше со камперите пред Влада.
Димовска на почетокот на дискусијата истакна дека во земјава корупцијата се надминува самата себе си, а просечниот граѓанин живее во заблуда бидејќи медиумите работат под тотална контрола, алудирајќи на власта.
-Имаме власт која е корумпирана, дури и корупцијата веќе се надмина себе си. И што правиме сега со извештајот на Прибе? Една рбаота е сигурна, овој извештај, ваков каков што е не ни соопшти ништо ново. Единствено ново што соопшти е дека бомбите на Заев се реалност и дека ни го докажаа она што секоја година во секој октомври Европската комисија ни го кажува. И сега се прашувате ако секоја година знаеме и ако сето тоа се провлекува од година во година, зошто никој ништо не направи во оваа држава и зошто не ни е јасно дека имаме проблем? Одговорот е јасен, имаме медиуми кои се тотално контролирани и така просечниот граѓанин си живее во заблуди имаме неколк експерти се „сенаменски“, дури имаме личности кои тотално го разбираат Извештајот на Прибе, рече Димова.
Според професорот Фрчковски за излез од кризата потребно е час поскоро премиерот Груевски да а напушти фнкцијата премиер, избирачкиот список да го спроведе МВР, а опозицискиот блок заедно со албанските граѓани здружено да прави пожесток притисок.
-Човек избран во политиката, фатен во ваков криминал мора да поднесе оставка. Нема никаква шанса тоа да се случи на друг начин. Независно колку е тешко, колку изгледа невозможно, лидерот кој е фатен во ваква ситуација во демократски услови, основна европска вредност е да се повлече и да овозможи земјата да излезе од кризата. Притисоците ќе се зголемуваат, извештајот на Прибе е срам за Европската комисија. Тој извештај констатира нешто што го знаевме, а комисииве не ја работат нивната работа. Она што мене ме интересира е енергијата која ние може да ја собереме во согорување на диктатурата.
Првата основа за притисокот е дека реформите не може да ги води човекот кој не донесе во кризата, тоа не смееме да го заборавиме, затоа што ќе ја изгубиме моралната вертикала. Она што може да се разговара е само кога да се повлече, тука компромис е возможен. Но, неговото одење и периодот на транзиција е неопходност и затоа таа точка фронтот е непроменета. Она што се случува меѓувреме е персонален притисок врз Заев. Во преговарачките искуства страните мора да бидат еднакви, не можете да се доведе во позиција да сте под притисок, а да преговарат. Тоа отвора рушливост на договорот кој ќе го договорите. Затоа неговите кривични дела какви и да се, мора да се замрзнат до формирањето на новото обвинителство. Они не можат да преговараат во ваква позиција.
Не е вистинското прашање дали власта ќе го апси Заев, туку дали ние можеме да го одбраниме. Ние треба да се судриме со групите кои ќе го земат, тоа е граѓанска непослушност од најголем вид.
Еве зошто сметам дека после ова Смилковско треба да следи.
Сега нас ни треба се, не албанските партии, туку албанските граѓани. Во таа смисла нив треба да ги третираме еднакво.
Целата приказна е сведена како на пастирот да му овозможите да се симне од власт. Тоа е срамот за една држава. Неговата последна изјава е следна „Сите предлози на СДСМ ќе ги прифаќам, ама јас да останам“. Тоа е срамота да го кажете. Тоа значи дека целокупната реформа е сведена за спасување на кожата. Тоа е срам за неговата партија исто така. Он вели дека се она што неговата партија го бранела паѓа во вода, само тој да ја води преодната влада. Тоа е неговата изјава, отворено, не се срами да ја каже.
Овдека се работи за губење на слободата. Не е возможно оваа афера да се заборави во име на преговарачките позиции и составување на техничка влада, тоа не е возможно. Постои и во извештајот на Прибе,во еден детален опис му дава сила на новото Обвинителство на која основа ќе ги постави обвиненијата. Што значи дека прва работа на новата влада е формирање на новото Обвинителство. Обвинителите знаат, они за месец дела на основа на доказите за оваа афера, продуцираат обвиненија за четири-пет луѓе, они после се спремаат за судење.
Екипи од тројца обвинители прават „попара“ во таа смисла ако се фокусирани. При ваква ситуација они мора да ги обвинат до ноември пет луѓе. Не може да ги пуштите на избори во ваква афера влезени луѓе. Они гледаат што ќе се случи, затоа е ова жестокост на борба, затоа е ова лобирање, но сепак вистински ја спасува кожата.
Не е лесно, но тука треба притисокот да продолжи со жестокост. Многу ме радува ова што Заев денеска го направи, ова требаше да се случи.
Преодот, заострувањето има определа стратегија. Заострувањето има создавање на атмосфера, на тензичност на повисоко ниво, кое ги повлекува странските стратешки партнери. Тоа е судир заради создавање на атмосфера за нови преговарачки нивоа. Но, за тоа морате да покажете дека сте способни да го направите, да го изведете, нема да ви го подарат тоа. Способноста да се изведе судирот и кризата на ново ниво е дирекно наша способност и тука ни требаат сите сограѓани заедно.
Затегнувањето има за цел. Додека се појавуваат странците како неутрална странка нема да се случи промена. Тие се меки на диктатори, имаат еден однос кон нив ако диктаторот малку попушти и се спремни да не дават и нас либератите да попуштиме.
Тоа нема да се случи овој пат. Основната европска вредност е компромис, но не со Груевски. Не може он да ги води реформите на реализација на Прибе извештајот. Како ќе изгледаме ние ако влегуваме во таква операција? Што и да се случи после ова, силата на опозицијата е што може да го издржи тој притисок прв пат до крај.
Режимот има само две опции – или ќе се повлече нивниот пастир или ќе воведе гола диктатура.
Затоа предлага тип на Влади и повлекување во декември. Логиката е да не може владата да се организира и да го спречи да оди на избори. Мисли дека изборите како голем водопад ќе го измијат она што го направиле претходно, а за три месеци влада, министрите или министерките нема да ги запознаат имињата на своите секретари, а не да направат реформи во изборниот систем.
Чистење на избирачкиот систем може да го направи само МВР. Тоа значи да им дадете по реони на луѓе од МВР кои ќе одат од куќа во куќа списоците да ги проверуваат и да го чистат списокот. Единствена оператива е МВР. Минимална операција за тоа е три месеци урагански да работите.
Нема шанси тоа да се изведе. Значи нема да бидат завршени тие работи. Обвинителство не може да се формира, не може обвинение да дојде за тој период. Тоа е пораз за опозицијата. Во таква ситуација вас ви требаат кожни опинци.
Но, спротивставувањето сега изгледа покрупно. Судир има со наши институции кои треба да покажеме дека се во процес на распаѓање конкретно. Знаете што значи да му кажете на судот ти не си суд веќе. Тоа е доведување на рбаотата на раб и сега треба да го исдржиме работ. И затоа немој да се прашувате до кога Кампот, тоа допрва почнува таа приказна, вели Фрчковски.
Во дискусијата и граѓаните посочија дека опозициската „бомба“ за петкратното убиство кај Смилковското езеро треба да се објави, без разлика за исходот од нејзиното објавување и какви последици тоа би можело да предизивика. За ова се согласи и професорот Фрчкоски кој кажа дека не може да се тактизира понатаму со овој случај.
-Има нефер притисок од странците кон Заев околу одлагање на Смилковско. Доста е со тоа одлагање, ние не смееме Албанците да ги третираме како инструмент за наши интереси, тоа не можеме да го правиме. Они се заслужни да ја дознаат вистината, каква и да е таа. Ако ја знаете вистината дека еден човек лежи невин, вие станувате соучесник о тој што го ставил таму ако не ја кажете вистината. Тие луѓе се наши соборци и не може да се тактизира понатаму со нив, вели Фрчкоски.
Денеска е 46. ден откако се поставени шаторите пред Владата на Република Македонија, по големите протести на 17.мај на опозицијата, граѓаните и граѓанските асоцијации, организации и движења, бараат оставка од премиерот Никола Груевски и одговорност од целата влада. Секоја вечер во кампот се организираат дебати и обраќања поврзани со актуелната политичка криза во земјава и проблемите во поединечни сектори, а се споделуваат идеи и сугестии како да се надмине актуелната состојба.