(ВИДЕО) Дискусија: Повеќе од половина млади во Македонија се невработени, владините мерки нефункционални

Од:

Владините стратегии за решавање на проблемот со младинската невработеност во пракса се неуспешни, младите не се доволно информирани за бизнис можностите, а отварањето на факултети народски кажано во секој град и во секое село, не се покажа како добра алатка за справување со  невработенсота. Ова се само дел од алармите кои ги вклучија младите на вчерашната дискусија во кампот пред Влада, на тема Како до подобри можности за младите да отпочнат бизнис?

Со свои обраќања осврт на темата дадоа  Виктор Митевски – магистрант по економски науки, Марко Георгиевски – магистрант по економски науки, Благица Петровска од Национален младински совет на Македонија и Марко Георгиевски, магистер по финансии и банкарство.

Модераторот на дебатата, Виктор Митевски дека единствен начин за интегрирање на младите е нивно  интегрирање во бизнисот и економијата уште во рана фаза.

-За жал тоа што системот кој во моментов го имаме и е повеќе насочен кон теорија, а помалце кон пракса, доведува до тоа и самите млади луѓе да не бидат проактивни, и да не бараат самите туку чекаат информациите да стигнат до нив. Единствен начин тие да бидат запознаени со економијата и бизнисот е преку нивно вклучување во нив. Единственото решение е преку интегрирано образование и останати методи, давање на младите луѓе на дланка листа од луѓе, контакти со кои тие ќе можат да контактираат, смета Митевски.

Според Благица Петровска од Националниот младински совет на Македонија, политиките на власта се промашени, бидејќи се прават без консултација со младината на коај тие директно се однесуваат.

-Политиките за млади се креираат во канцеларија, без консултација со младите кои лично ги засегаат. Доколбу би имало консултација можеби би имале една друга слика, една друга перспектива на проблемот и мислам дека може да стигнеме до многу поконструктивни решенија на самиот проблем. Ќе ја спомнам и големата стапка на невработеност, во Македонија постои 53, 7 проценти на младинска невработеност што значи повеќе од половина млади во Македонија не се вработените. Ова влијае на социо-економските капацитети на земјата и мора да се реши тој проблем. Анализите покажуваат дека мерките кои ги спроведува владата или не се доволно добри или не се доволни за справување со ситуацијата во која с е наоѓаме.

Една од владините мерки е намалување на давачките за работодавците кои ќе вработат лице помладо од 29 години. Понатаму постои програма за самовработување и програма за субвенционирано вработување. Едфно истражување пкажува дека само ¼ од младите се запознаени со мерките кои ги предлага владата. Ова посочува на тоа дека младите воопшто не се информирање за мерките и треба да се работи и на тоа поле, посочи Благица Петрова.

Според Марко Георгиевски, магистер по финансии и банкарство отворањњето на повеќе високообразовни институции не успеа да ја намали реалната невработеност и практично според него државата нема цел што понатака со младите луѓе.

-Сите мерки за вработување на оваа Влада паѓаат во вода и нема никаков плод. Најверојатно тие мерки за вработување немаат никаков импакт за да функционираат во самата пракса. Активни и вистински младински политики во Македонија како и да не постојат.  Овој процент на невработени Владата проба да го намали со отворање на факултети во секое село и во секој град, со тоа што да имаме повеќе студенти,а  помалу неврабтени луѓе. Меѓутоа и тоа е на краток род, без никаква цел за понатака што да се прави со младите луѓе, вели тој.

Неговото мислење го дели и Марко Георгиевски – магистрант по економски науки, кој смета дека бизнис-центритево Македонија кои постојат на хартија треба да профункционираат, а да се најде начин и за промовирање на менторството како концепт за олеснување на младите во интегрирањето во бизнис заедницата.

– Треба да псотојат институции или тела кои ќе ги насочат младите како да функционираат по започнувањето на бизнисот. Лесно е да започнеш бизнис, но што потоа? После првите три години си во ситуација каде не можеш да си ги исплатиш обврските, така што една од работите која би можела да им помогне, не само на младите луѓе е ад бдиат дел од бизнис-центрите кои на хартија постојат во Македонија, неколку регионални бизнис центри се тоа, но за жал не функционираат. Идејата во тие центри е кога ќе влезат млади луѓе таму да ги користат нивните можности. Моделот на бизнис-центри не треба да застане тука, туку напротив треба да биде покомплексна форма. Тоа значи дека бизнис секторот треба да се вклучи активно во овие центри. Менторството како концепт со бизнис-заедницата дефинитивно треба  да се промовира во овие центри и да биде обостран бенифитот е тоа што може да има одредени олеснување кај тие бизниси. Младите можеби нема да најдат некој ментор, меѓутоа може да ги искористат тие програми и да го искористат тоа искуство од надвор во Македонија, рече Георгиевски.

Ова е 52. дискусија, откако се поставени шаторите пред Владата на Република Македонија, по големите протести на 17.мај на опозицијата, граѓаните и граѓанските асоцијации, организации и движења, кои бараат оставка од премиерот Никола Груевски и одговорност од целата влада.

Секоја вечер во кампот се организираат дебати и обраќања поврзани со актуелната политичка криза во земјава и проблемите во поединечни сектори, а се споделуваат идеи и сугестии како да се надмине актуелната состојба.

Би можело да ве интересира

Почна третото издание на меѓународниот ракометен камп „Кирил Лазаров 7“

Наум Локоски

„Граѓаните за Македонија“ остварија средба со Зоран Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Кампери пред Влада: Падна митот за Груевски, непопустливиот

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Дискусија: Домашното производство на струја се намалува, увозот расте тендензиозно

Ана Ололовска

Дискусија: Анализа на состојбите во ЕЛЕМ и МЕПСО пред и после 9-те години на ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Дискусија: Дали македонскиот безбедносен систем е во распаѓање?

Ана Ололовска