Во која јасно се гледа како премиерот Груевски директно договара местење на тендер сод иректорот на ЕЛЕМ Владо Чингоски.
Цената на струјата во последниве девет години двојно е зголемена, нема најава за посериозен електроенергетски објект, финансиската загуба на ЕЛЕМ и МЕПСО дополнително ќе ја влоши ситуацијата ако долговите се враќаат со надворешно задолжување, алармираат Проф. Д-р Атанаско Туневски и Иван Трпевски, членови на Комисија за енергетика на СДСМ.
Тие вчера во антивладиниот камп ги анализираа состојбите во ЕЛЕМ и МЕПСО — пред и после 9те години на ВМРО – ДПМНЕ. Модератор на дебата беше Димитар Азески, кој на почетокот на дискусијата пушти дел од аудио снимките објавени во „Бомба 14“ на опозицијата, а во кои се слуша како премиерот Груевски лично место тендери преку ЕЛЕМ за свои луѓе.
Според професорот Атанаско Туневски, доколку не се изградат предвидените далекуводи, а увозот расте, државата не само што малку произведува струја, туку и ќе нема начин како да увезе.
„Не само што се намалува домашното производство, туку се произведува по повисоки цени. За да се оствари некое намалено производство во РЕК Битола се троши се повеќе мазут, тоа се правда со слабиот квалитет на јагленот, но практично во РЕК Битола намето да се користи јагленот за производство на електична енергија, се користи мазут. Свесни сме дека цените наназад во изминативе 9 години двојно се покачија. Просечно македонско семејство во 2006 година плаќаше околу 25 до 30 евра електична енергија, за да денеска сметките за електрична енергија се околу 3 000 денари.
Нема почнато ниту со размислување за изградба на некој посериозен електроенергетски објект. Кога велам на посериозен не велам на малите хидроцентрали што се градат, тоа е добро што се градат тие се користи, но тие за целиот електроенергетски систем не значат многу од аспект на количеството на електричната енергија што го произведуваат.
Да се потсетиме дека Македонија во 2001 воопшто не увезуваше електрична енергија, за да сега увезува 35 до 40 % од годишните потреби на електрична енергија со тенденција на влошување на состојбата.
Практично во ЕЛЕМ и МЕПСО сведоци сме дека лошо се работи, малку струја се произведува, не се изгради далекуводот преку Србија. Ако увозот расте над 20 проценти од денешен ден, нема да имаме далекуводи преку тој увоз би го направиле.
Резервите на јаглен во Битола се се послаби, наместо Владата да го реши ова, таа врши модернизација на блоковите во РЕК Битола. Наместо модернизираните блокови во РЕК Битола да даваат повеќе струја, тие даваат или помалку или се вон употреба.“ смета проф. Туневски.
Според Иван Трпевски, членови на Комисија за енергетика на СДСМ , државните компании ЕЛЕМ и МЕПСО се основните виновници за состојбата во која сега се наоѓаме.
– Во 2006 година долгорочните кредити на ЕЛЕМ изнесувале околу 100 милиони евра, а тие денеска се 215 милиони евра. Тоа и во иднина од моментот во 2014 кога е податокот, ќе врши огромен притисок на цената на електричната енергија.
Драматичниот раст на цените практично уништува секаква можност за некој позначаен економски раст, бидејќи електричната енергија учествува многу дирекно во целокупното производство на други добра и услуги. Ваквиот тренд е тешко да се запре, бидејќи нема никаков ни приближен план за надминување на состојбата,а сегашната состојба не втурнува во уште поголем проблем.
Во 2014 ЕЛЕМ пријавил загуба од 14, 5 милиони евра, а за 2015 предвидувањата се од скоро 35 милиони евра. Тоа што Регулаторната Комисија не ја покачи цената пред неколку дена, воопшто не игра улога во суштината на цената која ја плаќаме за енергијата што ја трошиме, бидејќи овие губитоци на ЕЛЕМ секако ќе ги платиме, ако не директно преку сметките за струја, тогаш преку некаков друг начин на буџетски трансфери кои ќе се извршат и тоа најверојатно најлошиот можен начин – ќе се компензира со надворешно надолжување.
Состојбата е веќе неодржлива и воопшто не е јасно дали цела 2015 година овие компании ќе може да ја поминат во некаква нормална ситуација. Ваквата ситуација како разлика претпоставувам дека не е случај кој настанал во една година, една сезона, смета Трпевски.
Ова е 58. дискусија, откако се поставени шаторите пред Владата на Република Македонија, по големите протести на 17.мај на опозицијата, граѓаните и граѓанските асоцијации, организации и движења, кои бараат оставка од премиерот Никола Груевски и одговорност од целата влада.
Секоја вечер во кампот се организираат дебати и обраќања поврзани со актуелната политичка криза во земјава и проблемите во поединечни сектори, а се споделуваат идеи и сугестии како да се надмине актуелната состојба.