(ВИДЕО) Директорка на ОУ „Кочо Рацин“ во партиски рекламен спот

Од:

Директорката на Основното училиште „Кочо Рацин“ во Скопје, учествува во партиски рекламен спот. Рекламата е снимена за одбележување на 15 години од Унијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Слоганот е „Дел од новото време, дел од нашето движење“.

Ирена Попова, не говори дури ни за развојот на образовниот процес.

Реченицата која ја чита е „Дел од времето, кога сите заедно се радуваме на спортските успеси“.

Нејзината порака можете да ја видите на 1:40 од видео снимката.

Директорката Попова, беше снимена од наш читател, како влегува за да присуствува на партиската средба на која директорите од скопските училишта добија упатство како да се однесуваат и како да ги спречат учениците да присуствуваат на студентскиот протест.

На средбата со градоначалникот Андреј Жерновски, таа негирала дека присуствувала на оваа средба.

На видеото, кое револтираниот директор, поради наложениот притисок врз учениците го испрати во редакцијата на А1он, на 1:00 се гледа дека Попова била на средбата.

Жерновски им порача дека нема да дозволи партиска политика во образованието во Центар.

Истата оваа директорка беше сликана и на партиски собир на ВМРО-ДПМНЕ во Виница.

10877571_420741378097623_1507713957_n

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ