(ВИДЕО) Диневски побара поддршка од битолчани

Од:

Во изминатиот период имавте прилика да споредите два концепти. Од едната страна видовте навреди и плукања, а од другата страна видовте искрен пристап, реална програма со решенија за модерна Битола, видовте тим кој е подготвен да работи исклучиво за вас и за вашите интереси.

Со ова денеска, на последната прес конференција пред изборниот молк за вториот изборен круг, на своите сограѓани им се обрати Менде Диневски, кандидат за градоначалник на Битола од „Сојузот за иднината“

– Видовте омаловажувања, изборен фалсификат со поткупување и потплатување, недозволено агитирање, фантомски гласачи, бугарски воз, закани и притисоци. Видовте изборна кампања во која се фрлени илјадници евра и видовте кандидат кој немаше храброст да се појави на телевизиски дуел, човек кој очигледно е најкомотен – кога е сам на екраните. Нема што друго да се додаде! Изборот е ваш – им порача тој.

Тој истакна дека на битолчани не сака ништо да им сугерира, туку само да ги повика на 7 април да излезат на избирачките места и да гласаат по свое убедување.

Би можело да ве интересира

Георгеску доби забрана да се кандидира на вториот круг од претседателските избори во Романија

Горан Наумовски

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он

Објавени се првите излезни анкети од изборите во Германија – Демохристијаните се во водство

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он