(ВИДЕО) Диневски: Намалување на давачките на дуканџиите за 50%

Од:

Во повеќе наврати за време на изборната кампања и овој втор круг од локалните избори, бевме во посета на старата битолска чаршија. Не само тука туку низ цела Битола разговаравме со дуќанџиите, со трговците и ги слушавме нивните проблеми, нивните сугестии за начинот на кој може да се подобри фунционирањето на истите, рече Менде Диневски, кандидат за Градоначалник на општина Битола од Сојузот за иднината.

Дел од тие сугестии кои ни беа дадени се во нашата изборна програма, за дел зедовме обврска дека дополнително ќе ги анализираме и ќе ги договориме заедно со тимовите кои работат на подобрување на животот на граѓаните на општина Битола и зедовме обврска дека после 7ми април, по победата на локалните избори, новата локална самоуправа ќе ги намали давачките за 50 проценти кон општина Битола за користење на простор пред деловни простории за вршење на дејност. Ставка која во овај момент навистина е премногу висока за сите дуќани во Битола.

Како резултат, на лошата и казнена политика, политиката по секоја цена да се земаат парите од дуќанџиите и од граѓаните, реалноста во старата битолска чаршија е ваква да над 80 дуќани се затворени. Овај концепт го нудиме како идеја како момент за една поинаква политика која сака да ја води новата локална самоуправа, а тоа е да им помагаме и да овозможуваме дуќанџиите, трговците и стопанствениците да имаат колку што можат помали трошоци кон општина Битола, а за возврат на тоа да можат да отворат нови работни места, да се конкурентни на пазарот и граѓаните да се задоволни од функционирањето на локалната самоуправа.

Би можело да ве интересира

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

Анкети: Екстремно десничарската Партија на слободата на Австрија победи на изборите

ВИДЕО: Го натераа Џо Бајден да стави капа „Трамп 2024“